Трката околу Фландрија 2013 било 97. издание на еднодневната монументална велосипедска трка Трка околу Фландрија. Се одржала на 31 март 2013 на растојание од 256 километри од Брухе до Ауденарде[2] и била осма трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена по вторпат од возачот на РадиоШек-Леопард Фабијан Канчелара,[3] откако направил напад на околу 15 километри пред целта, на последната искачување со калдрма, Патерберг.[4] Второто место припаднало на Петер Саган од екипата Канондејл, додека третопласиран бил возачот на Лото-Белисол Јирген Рулантс; обајцата биле заедно со Канчелара пред неговиот напад и на крај завршиле скоро една и пол минита зад Канчелара.[5]
Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. Првично, организаторите на трката планирале да имаат осумнаесет UCI World Tour екипи на трката и седум други екипи со специјални покани и со тоа да се создаде главната група од 25 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[6][7] Наместо да отстранат една екипа од трката со цел да ги сместат Катјуша, организаторите на трката побарале одобрување од UCI да поканат 26 екипи по осум возачи и главната група да биде составена од 208 возачи; ова било одобрено пред почетокот на трката.[8]
Екипи кои настапиле на трката биле:[9]