Томислав Маниќ (Пирот, Србија, 1933) — македонски музичар, доајен на македонската забавна музика. Најпознат е по евергрините „Кажи зошто ме остави“ и „Црвени рози“.[1]
Животопис
Маниќ е роден во 1933 година во Пирот, Јужна Србија и како 18-годишник пристигнал во Скопје, во 1951 година со цел да студира историја. Неговиот талент за музика, но и за глума бил забележан уште во ученичките денови во родниот град, па продолжил да пее и како студент. Првата песна што ја снимил за Радио Скопје во 1956 година е „Индијана“ на Драган Ѓаконовски - Шпато.
Има богата дискографија со снимени 524 песни, со што се вбројува меѓу најпродуктивните наши пејачи. Во последно време е ангажиран и со пишувањето книга за својот богат живот, која, како што ни открива, ќе се вика „Живот посветен на музиката“
Наводи
Надворешни врски