Тоде Ковилоски е роден во семејството на Здраве Ковилоски, во селото Дабјани, Прилепско, кое денес е раселено и не постои,[1] а се наоѓа во близина на селата Бело Поле, Средорек и Вранче. Во партизанското движење влегол некаде по 1942 година. Како дел од XV Македонски корпус[2] учествувал во борбите со германските фашистички сили на Сремскиот фронт во Втората светска војна. Загинал во близина на градот Шид, Срем, во 1945 година.[3]