Терминатор (англиски: The Terminator) е американски научно-фантастичен-акционен филм од 1984 година напишан од Џејмс Камерон. Дистрибуиран е од страна на Orion Pictures, а во него играат Арнолд Шварценегер како Терминаторот, Линда Хамилтон како Сара Конор и Мајкл Бин како Кајл Рис. Филмот трае 108 минути и во САД излегол на 26 октомври 1984 година.
Во 2008 година, „Терминатор“ беше одбран за зачувување во американскиот Национален филмски регистар од Конгресната библиотека како „културно, историски или естетски значаен“.[1]
Содржина
Филмот се одвива во 1984 година, во Лос Анџелес. Сара Конор (Линда Хамилтон) работи како келнерка во еден ресторан. Таа гледа на вестите дека се убиени жени кои исто така се викаат Сара Конор.
Тие се убиени од робот кој се вика Терминатор (Арнолд Шварценегер), кој е испратен од 2029 година за да ја убие Сара Конор. Сара Конор знае дека е следна и затоа се обидува да избега, но Терминаторот ја наоѓа
во ноќен клуб и се обидува да ја убие, но не успева бидејќи Кајл Рис (Мајкл Бин) ја спасува. Кога успеваат да избегаат од Терминаторот, Кајл му кажува на Сара за Терминаторот, за иднината и
за нејзиниот иден син Џон Конор и тој е причината поради што Терминаторот е испратен за да ја убие Сара, бидејќи тој ќе води војна против роботите во иднина. Полицијата ги наоѓа Сара и Кајл
и ги зема. Доктор Силберман го испрашува Кајл и мисли дека е луд откако тој му кажува за Терминаторот, но Терминаторот ја напаѓа полициската станица и убива многу полицајци, и овој пат Сара
и Кајл успеваат да избегаат. Тие потоа се кријаат во некој мотел и припремаат бомби за Терминаторот. Кајл тогаш му признава на Сара дека ја сака и тие имаат секс. Подоцна, Терминаторот ги
брка со мотор и тие се обидуваат да избегаат од него, фрлајки бомби по него, потоа Терминаторот украдува камион и се обидува да ја прегази Сара, но Кајл фрла бомба и неговиот камион
експлодира, но Терминаторот не умира туку продолжува во својата роботска форма. Тој ги брка во фабриката и Кајл трагично умира кога повторно фрла бомба по Терминаторот во обид за да ја
спаси Сара. Сара успева да го одведи Терминаторот во хидрауличен прес и да го убие. Филмот завршува со Сара во Мексико.
Глумци
За филмот
На Камерон како инспирација за да го направи Терминатор му служеле неколку научно-фантастични филмови, но на неговиот агент не му се допаднал неговиот концепт и затоа сакал Камерон да направи нешто друг. За среќа на Камерон, продуцентката Гејл Ен Хард пројавила интерес во овој проект на Камерон, затоа Камерон му го продал сценариото под услов таа да биде продуцент, а тој - режисер на филмот. Продукциските компании кои покажале интерес за филмот и со кои Камерон контактирал, не можеле да остават еден неискусен филмски режисер да го режира филмот, затоа Камерон бил принудел да оди со Гејл. Orion Pictures се согласија да го дистрибуираат филмот. Првично, за улогата на Терминатор, Камерон сакал некој кој не бил премногу мускулест, и кој би можел да се вклопи во нормалната толпа. Ленц Хенриксен, кој глумеше во Piranha II: бил предвид за главната улога, но кога Арнолд Шварценегер и Камерон првпат се сретнале за време на еден ручек да разговараат за тој да ја игра улогата на Кајл Рис, двајцата дојдоа до заклучок дека главната улога би била поатрактивна улога за австрискиот телоградител, затоа Хенриксен ја добил улогата како полискиот наредник Хал Вукович, за улогата на Кајл Рис Камерон го избрал Мајкл Бил, а за улогата на Сара Конор, Камерон ја избрал Линда Хамилтон.
Наводи
Надворешни врски