Теодосија (сопруга на Лав V)
Теодосија (ококу 775 - по 825) била византиска царицата, сопруга на царот Лав V Ерменец. Теодосија била ќерка на Арсабер, византиски патрициј додека името на нејзината мајка е непознато.[1]. Името на нејзиниот татко било наведено во хрониката на Јосиф Генезиј и на Теофан. За мајката на Теодосија нема никакви информации. Според името на нејзиниот татко, Арсабер, се смета дека имале ерменско потекло. Според некои научници семејството на Теодосија потекнува од благородничкото ерменско семејство на Камсараканите. Во 808 година таткото на Теодосија застанал на чело на неуспешен бунт против Никифор I, по кое Арсабер бил принуден да се замонаши[2], а неговиот имот бил конфискуван. Теодосија била омажена за Лав V уште додека тој ја имал должноста стратег во времето на цар Никифор I. Лав се качил на престолот во 813 година по абдикацијата на Михаил I Рангаве. Теодосија од бракот со Лав V имала четири деца:
Се претпоставува дека Лав и Теодосија имале и ќерка, но оскудните информации не ја потврдуваат сигурно оваа претпоставка. По убиството на Лав V на Божиќ во 820 година, новиот цар Михаил II наредил синовите на Теодосија да бидат кастрирани, по што целото семејство било испратено на островот Проти. Јован Зонара пишува дека на Теодосија и било дозволено да земе на островот дел од личниот имот на Лав V и да има лична послуга. Теодор Студит и испратил писмо на Теодосија некаде помеѓу 821 и 826 година. По 826 година името на Теодосија престанува да фигурира во историските хроники. Наводи
Литература
Надворешни врски
|