Тајванскиот Проток во поновата историја е место на судири помеѓу континентална Кина and Тајван уште од времето на Кинеската граѓанска војна во 1949 г., кога силите на Куоминтангот предводени од Чанг Кај Шек се повлекле преку протокот и го зазеле Тајван како нивно конечно упориште.
НР Кина предлага изградба а на тунел под протокот со кој би се поврзале магистралите во земјата со островот Тајван. Иако овој голем потфат е технички изводлив, идејата наишла на отпор кај тајванските власти, плашејќи се дека со ова може да се загрози безбедноста на земјата и не сакајќи да ја признаат „политиката на една Кина“.[4][5]