Протокот е широк околу 250 км и во него лежат две островски групи: Батанес во истиомената покраина, и Бабујан во покраината Кагајан, обете во состав на Филипините.
Поделен е на повеќе помали протоци. Бабујанскиот Проток го двои Лусон од архипелагот Бабујан, кој пак е одвоен од архипелагот Батанес со Балинтаншкиот Проток. Батанес е одделен од Тајван со протокот Баше.
Има голема важност како минувалиште во товарниот сообраќај и комуникациите. Многу бродови од Јужна и Северна Америка одат низ него за да стасаат до важните источноазиски пристаништа. Низ него минуваат разни голем број подводни кабли за телефонски и семрежни кабли кои ги опслужуваат континентална Кина, Хонгконг, Тајван, Јапонија и Јужна Кореја.[3]
Северно од протокот се забележани огромни бранови со висина до 170 м. Овие бранови се меѓу најголемите во светот, и настануваат поради плимите и морските струи, но најчесто остануваат под вода и затоа не се опасни за бродовите. Ова колебање во голема мера е производ среќавањето на подводните движења со долгиот срт во правец север-југ кој се протега низ речиси целиот проток, а во северниот дел се зголемува со среќавањето со уште еден напореден срт.[4] Протокот е длабок од 3.500 до 4.000 м северно-јужните бразди во средината и по југозападниот раб.