Тараклискиот државен универзитет „Григориј Цамблак“ (романски: Universitatea de Stat din Taraclia; бугарски: Тараклийски държавен университет) - државен универзитет сместен во Тараклија, Молдавија.
Историја
Универзитетот бил отворен на 1 октомври 2004 година.[1][2][3] Тогашниот претседател на Молдавија, Владимир Воронин и претседателот на Бугарија, Георги Прванов присуствувале на инаугуративната церемонија.[4][5] Во 2019 година, молдавскиот претседател Игор Додон го увериl бугарскиот претседател Румен Радев дека молдавската страна ќе го преобрази универзитетот во филијала на бугарскиот Русески универзитет.[6]
Насоки
Универзитетот нуди и додипломски и постдипломски насокии. Некои од темите што се предаваат на овој универзитет се:[4]
- Бугарски јазик и книжевност и романски јазик и книжевност;
- Романски јазик и книжевност и англиски јазик и книжевност;
- Педагогија на основно образование;
- Музика;
- Историја;
- Услуги по социјална заштита;
- Сметководство;
- Предучилишна педагогија и романски јазик и книжевност.
Наводи
Надворешни врски