Стефан де Врај (роден на 5 февруари 1992 година) — холандски фудбалер, играч од одбраната на ФК Интер и на холандската репрезентација.
Својата кариера ја започнал во локалниот клуб ВВ Спирит, а подоцна дебитирал како професионалец за Фејенорд на возраст од 17 години. Тој поминал пет сезони во клубот од Ердивисие, и за кратко време станал капитен, пред да замине во Лацио во јули 2014 година.
Неговата репрезентативна кариера започнала во 2012 година, и од тогаш забележал над 25 настапи за Холандија. Тој бил во холандскиот тим кој го освоил третото место на Светското првенство во 2014 година, и бил избран во тимот на турнирот.
Ран живот
Де Врај израснал во Аудкерк на Ајсел, Јужна Холандија. Тој е помлад син на Јан де Врај, кој некогаш играл за локалниот ВВ Спирит, каде што Стефан ја започнал кариерата. Неговите постари браќа Нилс и Ерик, играле фудбал во нивната младост, но подоцна тргнале по други патишта.[2]
Наводи
Надворешни врски