Стенли (англиски: Mount Stanley) — највисока планина во масивот Рувензори, на границата меѓу ДР Конго и Уганда. Со 5.109 м е трета планина по висина во Африка, веднаш по Килиманџаро (5.895 м) и Кенија (5.199 м). Наречена е во чест на истражувачот Хенри Мортон Стенли. Планината е дел од Националниот парк Рувензори, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1] Неколку од врвовите имаат ледници.
Планината има повеќе врвови:
Врв |
Висина
|
Маргарита |
5.109
|
Александра |
5.091
|
Алберт |
5.087
|
Савоја |
4.977
|
Елена |
4.968
|
Елизабета |
4.929
|
Филип |
4.920
|
Мебиус |
4.916
|
Голем Заб |
4.603
|
Прво искачување
Планината првпат е освоена во 1906 г. од дружината на Војводата од Абруци во состав на Ж. Петига, К. Олје, и Ж. Брошерел. Највисокиот врв е наречен по италијанската кралица Маргарита.[2]
Наводи
Надворешни врски