во Кина, Хонгконг[3] и Макао се нарекува путунгхуа (трад. 普通話, упр. 普通话, пинјин: Pǔtōnghuà) = „општ говор“.
во Тајван се нарекува Гуоји, а во Хонгконг неофицијално се нарекува гвок Ји (трад. 國語, упр. 国语, пинјин: Guóyǔ, јитпинг: gwok3 jyu5) = „национален јазик“.
во Малезија и Сингапур како хуаји (трад. 華語, упр. 华语, пинјин: Huáyǔ) = „кинески“ (во културна смисла).
Во останатите делови од светот трите називи се употребуваат наизменично во различен степен, со тоа што најчест е Путунгхуа. Понекогаш се нарекува и современ стандарден кинески 現代標準漢語 / 现代标准汉语.
Инвентарот на фонеми на стандардниот мандарински јазик се состои од околу 24 согласки, од кои само /n/, /ŋ/, и под извесни околности /ɻ/ се јавуваат во слоговниотзавршеток (кодата); околу 6 самогласки, дифтонзи и трифтонзи; и четири тонови.
Стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект
Иако се заснова на пекиншкиот дијалект, поради развојот во стандардизацијата, стандардниот мандарински повеќе не е истоветен со него. Делумна причина за ова е начинот на стандардизација - со време стандардниот говор е адаптиран да покрива поголема лексичка шема и поархаичен изговор и лексикон. Подрачјето околу Пекинг, особено градовите Ченгде и Шеџаџуанг во соседната покраина Хебеј говорат облик на мандарински кој е најблизок до наполно стандардизираниот вид. Ова е обликот што се говори на телевизија и на радио.
Според официјалното толкување во НР Кина, стандардниот мандарински ја употребува:
Фонологијата или гласовниот систем на Пекинг. Постои разлика помеѓу гласовниот систем на еден дијалект или јазик и фактичкиот изговор на зборовите во тие рамки. Не сите одбрани зборови во стандардниот мандарински како стандарден говор, звучат исто како во пекиншкиот дијалект. Нивниот изговор е избран при стандардизација, а постојат и некои разлики во стандардизацијата (не акцентот), на пр. помеѓу Путунгхуа Гуоји.
При течен разговор, лесно е да се воочи разликата помеѓу пекиншкиот говор и стандарднио мадарински. Во Пекинг се зборува стандарден мандарински со елементи од локалниот дијалект, исто како во другите региони.
Лексиконот на мандаринските дијалекти воопшто. Ова значи дека се исклучени сите сленгови и други регионални зборови. Од една страна, лексиконите на сите кинески дијалекти, особено техничките како научниот, правиот и управниот се мошне слични. (Како што европските јазици изобилуваат со латински и грчки поими) Ова значи дека голем дел од лексиконот на стандардниот мандарински е заеднички за сите дијалекти. Од друга страна пак, голем дел од колоквијалниот лексикон и сленгот во пекиншкиот дијалект не го наоѓаме во стандардниот мандарински, и не е разбирлив за луѓето што не се од Пекинг.
Граматиката и примената од современата кинеска книжевност, како делата на Лу Син, збирно наречени книжевен кинески јазик („бајхуа“). Книжевниот кинески, кој претставува стандарден пишан облик на современиот кинески јазик, и послободно се темели на северната (претежно), јужната и класичната граматика и примена. Со ова, формалната структура на стандардниот мандарински е малку поразлична од уличниот пекиншки говор.
Теоретски, Кина и Тајван го утврдуваат стандардиот мандарински на свој начин, но во пракса разликите се ситни, и главно се состојат од тонови и мал број на зборови.
Говорниците на стадардниот мандарински без проблем го разбираат пекиншкиот дијалект бидејќи се заснова на тој говор. Во Пекинг се додава наставката „ар“ (/ɻ/), како наставка за деминутив и користат понеутрални тонови во говорот. На пример: стандардното мен (врата) во Пекинг е менр. СО ова пекиншкиот дијалект е покарактеристичен од стандардниот мандарински во другите региони. Овој дијалект е познат и по богатството од колоквијализми и идиоми.
Иако постои јасна разлика помеѓу стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект, извесни аспекти од овој дијалект со време влегле во стадардниот говор. Во стандардниот мандарински има персирање, што доаѓа од пекиншкиот дијалект, но во секојдневниот говор неговата употреба е значително намалена. Покрај ова, стандардниот говор разликува „цанмен“ (ние, вклучувајќи го слушателот) и „уомен“ (ние без слушателот). Во практика, вон Пекинг не се прави оваа разлика.
Еве некои пекиншки изрази кои сè уште не се прифатени во стандардниот мандарински:
Branner, David Prager (уредн.) (2006). The Chinese Rime Tables: Linguistic Philosophy and Historical-Comparative Phonology. Studies in the Theory and History of Linguistic Science, Series IV: Current Issues in Linguistic Theory; 271. Amsterdam: John Benjamins. ISBN90-272-4785-4.
Chao, Y.R., A Grammar of Spoken Chinese, University of California Press, (Berkeley), 1968.
Chen, Ping (1999). Modern Chinese: History and sociolinguistics. New York: Cambridge University Press. ISBN0521645727.
Hsia, T., China’s Language Reforms, Far Eastern Publications, Yale University, (New Haven), 1956.
Ladefoged, Peter; & Maddieson, Ian. (1996). The sounds of the world's languages. Oxford: Blackwell Publishers. ISBN 0-631-19814-8 (hbk); ISBN 0-631-19815-6 (pbk).
Ladefoged, Peter; & Wu, Zhongji. (1984). Places of articulation: An investigation of Pekingese fricatives and affricates. Journal of Phonetics, 12, 267-278.
Lehmann, W.P. (ed.), Language & Linguistics in the People’s Republic of China, University of Texas Press, (Austin), 1975.
Lin, Y., Lin Yutang's Chinese-English Dictionary of Modern Usage, The Chinese University of Hong Kong, 1972.
Milsky, C., "New Developments in Language Reform", The China Quarterly, No.53, (January-March 1973), pp. 98–133.
Norman, J., Chinese, Cambridge University Press, (Cambridge), 1988.
Ramsey, R.S.(1987). The Languages of China. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 0-691-01468-X
Научете да читате и пишувате кинески знаци - анимации на над 12.000 често употребувани знаци, со изговори, примери на употреба во изрази, работна тетратка и картички за учење знаци. (англиски)