Јитпинг (Jyutping, изг. [jyːt̚˨ pʰɪŋ˧]) е систем за романизација на кантонскиот јазик разработен од страна на Лингвистичкото друштво на Хонгконг (LSHK) во 1993 г.
Поимот „јитпинг“ (粵拼) е слеан од првите кинеските знаци на зборовите Jyut6 jyu5 (粵語 = „јуе“, т.е. кантонски) и ping3 jam1 (拼音 = „фонетска азбука“).
Кантонскиот има девет тонови и шест посебни тонски контури. Меѓутоа, бидејќи три од деветте се „настапни“, т.е. „влезни“ (入聲, јитпинг: jap6 sing1) што се јавуваат само во согласки што савршуваат на p, t и k, јитпинг не им дава посебни тонски броеви (но имаат во кантонскиот пинјин - подолу наведени во загради).
Транскрипција на строфа од стихозбирката „Триста песни од времето на Танг“: