Стадионот „Благој Истатов“ — фудбалскистадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.
„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.
Меѓународни натпревари
Списокот не е целосен и претставени се само меѓународните натпревари на ФК Беласица по 1991 година и на Македонската репрезентација.