Балмор (исто така познат како Стадион Балмур; Balmoor Stadium) ― фудбалски стадион во шкотскиот град Питерхед, Абердиншир. Тоа е дом на ФК Питерхед. Стадионот има сместивост од 3,150[1] гледачи, од кои 1.000 можат да седат.[2]
Стадионот бил отворен во 1997 година, откако стариот стадион на ФК Питерхед бил продаден на стопанското друштво на супермаркети Safeway.[3] Стандардот на составните простории во Балмор бил еден од главните причини зошто Питерхед бил избран во Шкотската фудбалска лига во 2000 година,[3] заедно со Елгин Сити.
Рекордна посетеност на Балмор е 4.855, за натпревар од третата лига на Шкотска фудбалска лига против Ренџерс на 20 јануари 2013 година.[4] Ова го соборило претходниот рекорд од 4.505 луѓе.[5]
Најблиската железничка станица до Балмор е Железничката станица „Абердин“, која е 51 км далеку.[3] Ова е најголемото растојание помеѓу фудбалскиот терен за сениорска лига и најблиската железничка станица во Велика Британија.[3] Балмор се наоѓа на патот А982, северно од средиштето на градот Питерхед.[3]
Наводи