Српската гимназија „Дом на науките“ во Солун била основана во 1894 год. во Солун, а работела до 1910 кога нејзината улога ја презела гимназијата во Скопје.
Гимназијата започнала со работа во учебната 1894/95 во српското основно училиште во Солун со 15 ученици во I клас. Наставната програма била иста како и во Кралството Србија, а се учело и француски и турски јазик.
Бројност на учениците
Како се развивало училиштето и каков успех постигнале учениците почнувајќи од учебната 1897/98 па до 1900/01 година, може да се види од следната табела: