Споменик на Јане Сандански |
---|
|
Општи податоци |
---|
Вид | споменик, статуа |
---|
Место | парк „Јане Сандански“ - Аеродром |
---|
Град | Скопје |
---|
Земја | Македонија |
---|
Отворена | 2009 |
---|
Трошок за изградба | 271.000 евра
16.677.000 ден. |
---|
Сопственик | Министерство за култура |
---|
Проектирање и изградба |
---|
Архитект | Гоце Давидов |
---|
Споменик на Јане Сандански — споменик кој се наоѓа во истоимената населба во скопската општина Аеродром. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]
Тој е висок пет метри, а поставен е во централниот дел од истоимениот парк, на иницијатива на Министерството за култура, усвоена од советниците на општината во 2009 година.
Паметникот на македонскиот револуционер е излеан во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов.
Две години од неговото поставување во 2011 година, медиумите јавуваа дека е оштетен, односно дека заради студеното време отпаѓаат плочките од постаментот, по што општината најави дека ќе распише тендер за избор за фирма за одржување на спомениците.
Наводи
- ↑ „Коњаник во општина Аеродром (Јане Сандански) :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.
|
---|
| Сообраќајна инфраструктура | | |
---|
| Туристички објекти | |
---|
| Споменици | |
---|
| Управни згради | |
---|
| Културни објекти | |
---|
| Музеи | |
---|
| Верски градби | |
---|
| Мостови | |
---|
| Доградби и преградби | |
---|
| Населби и комплекси | |
---|
| Паркови и рекреација | |
---|
|