Милениумски крст

Милениумскиот крст на планината Водно.
Билет издаден од Скопската православна епархија на МПЦ за користење на лифтот

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија. Неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

Конструкција

Милениумскиот крст во зимско руво

Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада и дарители од Македонија и Македонци од целиот свет. Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт.

Жичница „Милениумски крст“

Жичницата „Милениумскиот крст“ е жичарница со кабини која води до крстот и служи за панорамско разгледување на градот и планината. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.

Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010.[1] Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“[1].

Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011.[2]

Поврзано

Кабини на жичницата со градот Скопје во позадина

Наводи

  1. 1,0 1,1 Утрински весник Архивирано на 17 април 2009 г., Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г.
  2. Водно доби жичарница - build.mk

Надворешни врски

41°57′54.35″N 21°23′40.38″E / 41.9650972° СГШ; 21.3945500° ИГД / 41.9650972; 21.3945500

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!