Ова е список на светско наследство на УНЕСКО во Кина. Кина има 57 локации на списокот и е втора на списокот веднаш зад Италија (59 локации) (Кина има една заедничка локација, Италија дели шест локации со други држави). Кина ја ратификувала Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на 12 декември 1985 година. Овие области сочинуваат некои од најважните делови од скапоцените и богати туристички ресурси на Кина.
Откако Кина се приклучила на Меѓународната конвенција за заштита на светското културно и природно наследство во 1985 година, до денес има 57 места на светско наследство, од кои 38 локалитети на културно наследство, 14 локалитети на природно наследство и 4 локалитети на културно и природно (мешано) наследство.
Покрај тоа, неколку кинески документи кои го документираат светското наследство се исто така регистрирани во Регистарот на светското паметење на УНЕСКО. Кина има и богато нематеријално културно наследство, од кои неколку се вклучени во списокот на УНЕСКО на ремек-дела на усното и нематеријалното наследство на човештвото.
Карта на места на светско наследство во Кина. Обележени места околу Пекинг: 1. Кинески ѕид ; 2. Забранет Град ; 3. Џоукоудиан; 4. Летен дворец; 5. Небесен храм; 6. Гробници на династијата Минг ; 7. Источни гробници на династијата Чјинг; 8. Западни гробници на династијата Чјинг
Легенда: Културното наследство; Природно наследство; Мешано наследство