Ова е список на владетели на поранешната германска држава Прусија. Државата првично постоела во облик на териториите крај Балтичкото Море, што Тевтонските витези ги освоиле од Прусите, Полска и Литванија. Подоцна Прусија станува сузеренство на Кралството Полска, независно војводство, независно кралство, кралство во рамките на Германското Царство, и на крај државна покраина во составот на Германија.
Почнувајќи од 1618, историјата на Прусија е потесно поврзана со историјата на Маркгрофовство Бранденбург - владетелот на Прусија бил и изборен кнез на Бранденбург (1618-1806).
По смртта на Алберт Фридрих (1618) власта врз војводството му припаднала на неговиот зет и далечен братучед, изборниот кнез Јохан Сигизмунд од старешинскиот род на династијата Хоенцолерн што владеела со Маркгрофовството Бранденбург. Иако маркгрофовството и војводството биле правно посебни единици, понекогаш во целина се нарекуваат Бранденбург-Прусија.
Пред 1772 г. овие кралеви ја носеле титулата „Крал во Прусија“ (со предлогот „во“ наместо „на“).
Иако Германското Царство повеќе не постоело како монархија, неговите составни земји продолжиле да постојат како републики во рамките на Вајмарската Република. Така, Прусија била „Слободна Држава Прусија“.
Во 1932 г. германскиот канцелар Франц фон Папен извршил пуч врз пруската влада и оттогаш со Прусија управувал „рајхскомисар“:
По доаѓањето на нацистите, избран е нов премиер. Меѓутоа тој имал главно церемонијална улога бидејќи покраините ја изгубиле својата автономија и станале административни единици.
По поразот на нацистичка Германија (1945) пруските покраини биле прераспределени во сојузни покраини. Во 1947 официјално престанува да постои како политички ентитет. Изворните територии на Прусија им припаднале на Полска и СССР.