Сочиско леко метро |
---|
Општо |
---|
Сопственик | Град Сочи |
---|
Место | Сочи, Русија |
---|
Тип на превоз | леко метро |
---|
Бр. на линии | 3 |
---|
Бр. на станици | 24 |
---|
Сообраќање |
---|
Ќе почне | 2013 |
---|
Технички податоци |
---|
Долж. на системот | 86, 4 км |
---|
Колосек | 1520 мм (руски колосек) |
---|
Карта на системот |
---|
Шемава:
|
|
Сочиското леко метро (рус. Сочинское лёгкое метро) — систем за јавен транспорт во изградба во градот Сочи, Русија. Се предвидува изградбата да заврши во 2013, навреме за Зимските олимписки игри 2014 кои ќе се одржат во градот.
Според извештајот за печат за олимпијадата, првичната намера била да се изгради лек железнички систем со должина од 36 км, но подоцна е решено да се оди на руската варијанта на леко метро. Ова трето леко метро во Русија (по Бутовскаја линија во Москва и Надземни Експрес во Санкт Петербург), од вкупно 11 метро-системи во земјата.
Проценетиот буџет за изградба изнесува 758,8 милиони долари.
Системот ќе се состои од три меѓусебно поврзани линии, со вкупна должина на пругите од 86,4 км и 24 станици. Линиите ќе се движат по мешан терен: под земја, планински тунели, на издигнати коловози и по површината. Еве ги трите линии:
- Олимписко село — Аеродром — Краснаја Полјана — Грушоваја Полјана (49,9 км, 6 станици)
- Олимписко село — Аеродром — Адлерова жел. станица — Хоста — Сочиска жел. станица — Мамајка (36,3 км, 20 станици)
- Сочиска жел. станица — Хоста — Адлерова жел. станица — Аеродром — Краснаја Полјана — Грушоваја Полјана (69,9 км, 17 станици)
Тендерот распишан од Руски железници во февруари 2009 го добил производителот Bombardier со возот „Spacium“. Нарачани се вкупно 54, секој со 9 вагони и капацитет од 1007-1036 патници. Максималната возна брзина изнесува 160 км/ч.[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски