Во Западна Македонија по капитулацијата на Италија дошло до обединување на слободните територии и била создадена единствена територија со два слободни града: Кичево и Дебар. Кичево било слободно 21 ден, а Дебар - 69 дена.
Малата слободна територија во Преспа служела за врски меѓу слободната територија во Западна Македонија и таа во реонот на Кожув.
На слободните територии се создавале военозаднински органи, органи на народната власт, биле отворени и првите училишта на македонски јазик и се вршеле подготовки за одржување на Првото заседание на АСНОМ.[1]
Извори
↑Миле Михајлов, „Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија 1941-1944“, Скопје, 1992.