Слобода на две тркала

„Слобода на две тркала“
Плакатот за филмот
РежисерИгор Д. Јовановски
ПродуцентИгор Д. Јовановски (karas4training.com)
СценаристСлободан Трајковски
Игор Д. Јовановски
Главни улогиСлободан Трајковски
Теодор Неделковски
Надица Димовска
Марко Митиќ
Гоце Шутевски
Андон Сикавица
Времетраење18 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

„Слобода на две тркала“ е документарен филм од македонско потекло снимен во 2015 година во продукција на karas4training.com и здружението ВЕЛОЕВРОПА. Дејствието е во времетраење од 18 минути и е поделено на 4 дела.

Содржина

Филмот зборува за велосипедскиот туринг како начин на патување, а Македонската Тур де Франс Експедиција (МТДФЕ) е искористена како инструмент за да се доловат убавините, предизвиците и предностите од овој начин на патување. Своите искуства во однос на турингот ги раскажуваат членовите на МТДФЕ: Марко Митиќ (член на МТдФЕ 2011), Гоце Шутевски (2011), Надица Димовска (2013), Андон Сикавица (2013), Теодор Неделковски (2015) и Слободан Трајковски кој е организатор и водач на сите пет експедиции и воедно организатор на познатиот велосипедски фестивал Mariovo Off-Road Experience. Двајца членови на експедицијата не се појавуваат во филмот од различни причини. Филмот е поделен на четири поглавја. Во првото поглавје „Зошто велосипед?“ раскажувачот (Слободан Трајковски) на прозаичен начин зборува за предностите и значењето на велосипедот. Во вториот дел „А зашто туринг?“ зборуваат членовите на МТдФЕ и ги споделуваат нивните погледи во однос на туринг велосипедизмот и раскажуваат искуства коишто ги доживеале на Алпите. Третиот дел „Експедицијата“ е аудио интермецо каде што се користени снимки направени од Слободан Трајковски (2013) и Теодор Неделковски (2015) и каде се доловува атмосферата при следењето на Тур де Франс етапите. Четвртиот дел „Поуки“ учесниците ги изнесуваат нивните гледишта и искуства во однос на експедицијата и туринг велосипедизмот.

Продукција

Филмот е снимен во продукција на karas4training.com, а во соработка со здружението ВЕЛОВРОПА. Режисер на филмот е Игор Д. Јовановски, според сценарио напишано од Слободан Трајковски и Игор Д. Јовановски. Монтажата на филмот е на Игор Д. Јовановски, а графичкиот дизајн на Катерина Николовска. Снимките од воздух се извршени од Бубе дрон пауер. Во филмот се користени снимки направени од Слободан Трајковски (2013), Теодор Неделковски (2015), Љубомир и Игор Јовановски.

Локации

Во создавањето на филмот користени се снимки направени за време на МТДФЕ 2013 и 2015, и снимки направени од Игор Д. Јовановски на локации во околината на Пехчево и Берово и Скопска Црна Гора.

Буџет

Филмот е снимен без буџет.

Премиера

Филмот премиерно беше прикажан на отворањето на ЕХО фестивалот на планински филмови на 2 ноември 2015 година, во киното „Милениум“ во Скопје.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!