Светски ден на млекото

Светскиот ден на млекото е воспоставен од Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации да ја препознаат важноста на млекото како светска храна.[1] Светскиот ден на млекото се слави на 1 јуни секоја година од 2001 година.[2] Целта на празникот е да се сврти вниманието на активностите поврзани со млекарството.[2]

Историја

Светскиот ден на млекото првпат бил востановен од ФАО во 2001 година. Овој датум 1 јуни е избран за датум бидејќи многу држави веќе го прославувале Денот на млекото во тој период од годината. [2]

Денот на млекото дава можност да се фокусира вниманието на млекото и да се подигне свеста за улогата на млечните производи во здравата исхрана и одговорното производство на храна. Ова е извлечено од податоците на ФАО кои покажуваат дека млечниот сектор поддржува повеќе од една милијарда луѓе и нивните домаќинства, и дека повеќе од шест милијарди луѓе користат млекарници ширум светот.[3] Фактот што многу земји одлучиле да го сторат тоа во ист ден, им дава дополнителна важност на индивидуалните национални прослави и покажува дека млекото е глобална храна.

Во 2016 година Светскиот ден на млекото бил прославен во над 40 земји. Активностите вклучувале маратони и семејни програми, демонстрации за молзење и посети на фарми, училишни активности, концерти, конференции и семинари, натпревари и серија настани кои се фокусирале на промовирање на вредноста на млекото и ја илустрирале важната улога што млечната индустрија ја игра во националната економија.[2]

Во 2018 година имало 585 настани за Светскиот ден на млекото во 72 земји и 1,1 милијарда впечатоци на социјалните мрежи со хаштагови #WorldMilkDay и #RaiseAGlass.[4] Ова претставува четирикратно зголемување во споредба со 2017 година.

Контроверзии

И покрај претежно позитивната реакција на Светскиот ден на млекото на глобално ниво, некои поединци се обидуваат да промовираат сопствена агенда против млекопроизводителите и дезинформации како што се „загриженоста поради неоснованите тврдења за здравјето на млечните производи, како и признавањето на злоупотреба на животните во млечната индустрија“. Ова вклучувало обид за 22 август да се прогласи „Светскиот ден на растителното млеко“,[5] кој имал важна карактеристика што тој ден не бил признат од ФАО, ниту од кое било административно или политичко тело. Движењето било промовирано со користење на хаштагот #WorldPlantMilkDay.

Наводи

Надворешни врски

  1. „Today is World Milk Day“ (англиски). Архивирано од изворникот на 04. 02. 2016. Посетено на 24. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „EST: 15th World Milk Day“. www.fao.org (англиски). Посетено на 24. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „The Dairy Declaration of Rotterdam“. www.fao.org. Посетено на 24. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „World Milk Day - Home“. worldmilkday.org. Посетено на 24. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „JOIN US in celebrating World Plant Milk Day - 22nd August 2018“. www.worldplantmilkday.com. Архивирано од изворникот на 21. 08. 2017. Посетено на 24. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!