Организацијата за храна и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на Обединетите Нации за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО им помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.
ФАО има осум оддели: