Светска асоцијација за визуелни уметности е доброволна, независна, непрофитна организација формирана во 2014 година,[1] за обединување на поединци и институции ширум светот чија заедничка основа се визуелните уметности. Главната цел е на оваа асоцијација да се собере потенцијалот на визуелните уметности со цел да се постигне конкурентно опкружување преку мрежно поврзување и заедничко дејствување на глобалната уметничка сцена и да се промовираат, негуваат и зачувуваат визуелните уметности како важен дел од подвижното културно наследство во светот.
Посебни цели на оваа асоцијација се:
- да се обезбедат признанија и награди за артистите и профеционалните уметници преку доделување награди и признанија заедно со доверливи партнерски институции / настани
- да се даде значителна поддршка на новите дојденци во уметноста преку обезбедување летни училишта, работилници и други форми на неформално образование за уметниците
- да организира меѓународни состаноци и конференции за професионалните уметници
- да дизајнира програми за регионална и меѓународна соработка, размена на идеи, проекти и мрежно поврзување.
За посеопфатно глобално покривање, Светска асоцијација за визуелни уметности соработува со следните региони: Балкан, Средна Европа, Западна Европа, Источна Европа, Северна Америка, Средна Америка, Јужна Америка, Азија и Австралија.
Наводи