Светлата страна на готиката е книга од македонската блогерка Crystal Castle, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинското име на авторот е Ирена Јурчева, родена 1982 година. Авторката е професор по англиски јазик и преведувач од англиски и француски јазик. Расказите во книгата се налик на зачеток на роман. Темите се со мотиви од Библијата, и од приказната за убавицата и ѕверот.
„Не можам да се освестам од вчерашната напивка. Нежноликата љубов ме погали со својата мека дланка по моето грубо лице. Ми го принесе до устата нејзиниот сладок нектар. Сè уште ме држи нејзиниот опиум. Цела вечер танцував со мојата мила заробеничка... Нејзината рака во мојата шепа - Неизречива спротивност, редок спој.“[2]