No friends no family е книга од македонската блогерка Бездомна, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинско име на авторот е Александра Јурукоска, родена 1986 година, студент на Филолошки факултет. Авторката нè води низ светот на секојдневието, притоа правејќи зачудувачки пресврти при употреба на сликите и асоцијациите. Ова е книга на поетски текстови.
„Ѝ паднаа евергрините на Бајрон под маса.
По сѐ изгледа биле листопадни.
Есента веќе помина.
Зимата не наближуваше.
Ѝ беше мерак што еден човек што го почитуваше се ужаснуваше од зборот „беше“.
Никогаш не дозна зошто.“[2]