Света Гора (планина)

Света Гора
Άθως
Поглед на планината
Највисока точка
Надм. вис.2.030 м
Координати40°09′30″N 24°19′38″E / 40.1584° СГШ; 24.3273° ИГД / 40.1584; 24.3273
Географија
Света Гора на карта
МестоХалкидик, Егејска Македонија
Карта

Света Гора или Атон (грчки: Άθως, Атос; Άγιο Όρος) — планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1]

Опис

Планината е сместена на истоимениот полуостров Света Гора, на кој се наоѓа православната монашка република со своите 20 манастири и мноштво скитови, создадена во X век.[1]

Древното име Атон се споменува од разни антички автори — Аристотел, Херодот, Страбон и други. Според Есхил на Атон е запалена една од осумте клади кои го означиле крајот на Тројанската војна.[1] На неа имало важно светилиште уште во претхристијанско време. Карпите се гнајсови, гранити и амфиболити.[1]

Обрасната е со дабови, костени, јавори и други видови дрвја. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1270003) и прогласена за орнитолошки важно место (037). Вклучена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО (природно и културно) во 1988 г. (454).[1]

До врвот се стасува по два пата. Едниот е манастирот Велика Лавра (160 м) - Керасија (600 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот (каде стои параклисот „Св. Преображение“) за околу 6 часа. Другиот пат оди манастирот „Св. Павле“ (130 м) - скит „Св. Ана“ (300 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот за 8 часа.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Света Гора, Атон Άθως 2.030[1] во Ј дел на планината
Андитонас, Андитос Αντίθωνας, Αντίθως 1.042[1] во централниот дел, СИ над Дионисијат
Ставрос Σταυρός 1.001[1] во Ј дел, С од главниот врв
Циакмаки Τσιακμάκι 1.540[1] во Ј дел, И од главниот врв
Гаванудес Γκαβανούδες 820[1] во централниот дел, И над Симонопетра
Кацанара Κατσανάρα 608[1]
Кацарис Κάτσαρης 703[1]
Кедра Κέδρα 801[1] во централниот дел, СИ над Симонопетра
Криовуно Κρυόβουνο 599[1]
Мармарас Μαρμαράς 629[1]
Палиопиргос Παλιόπυργος 820[1] во Ј дел, Ј од главниот врв
Паривуни Παριβούνι 700[1]
Профитис Илијас Προφήτης Ηλίας 895[1]
Трија Синора Τρία Σύνορα 758[1]
Цамандара Τσαμαντάρα 883[1] во централниот дел, СИ над Симонопетра
Чука Τσούκα 738[1]
Цукниди Τσουκνίδι 648 [1]

Наводи

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 362. ISBN 978-960-86676-6-2.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!