Санта Марија (остров)

Санта Марија
Остров
Сувиот брег на западниот дел на островот Санта Марија, локација на главната населба, Вила ду Порту (како што се гледа од Пику Алту)
Сувиот брег на западниот дел на островот Санта Марија, локација на главната населба, Вила ду Порту (како што се гледа од Пику Алту)
Етимологија: Пресвета Богородица
Прекар(и): Ила dу Сол (Сончев Остров)
Местоположба на островот Санта Марија во архипелагот на Азорите
Местоположба на островот Санта Марија во архипелагот на Азорите
ЗемјаПортугалија
Автономен регионАзори
ОстровиИсточна Група
Површина
 • Вкупна96,89 км2 (3,741 ми2)
Население
 • Вкупно5.578
 • Густина0,58/км2 (1,5/ми2)
ДемонимМаријанци
Етнички групиПортугалци

Санта Марија (португалски изговор: [ˈsɐ̃.tɐ mɐˈɾi.ɐ]), португалски за Света Марија) е остров кој се наоѓа во источната група на Азорскиот архипелагот (јужнo од островот Сао Мигел) и најјужниот остров на Азорите. Островот првенствено е познат по неговите бели песочни плажи, сувото и топло време.

Историја

Плажата Баја де Сао Лауренчо, Санта Марија на Азорите

Првите записи за група острови во Атлантикот потекнуваат од патувањата на португалските морнари за време на владеењето на Кралот Динис (1279-1325) и неговиот наследник, кралот Афонсо IV (1325-1357). Овие информации биле неосновани и неофицијални до 1427 година кога морепловецот Диого де Силвес го пронашол островот Санта Марија (во тоа време на наутичките мапи запишан како Ила дос Лобос или Ила ду Ову) во тек на неговото патување за Мадејра.[1] Легендата вели дека на денот кога го откриле островот, Гонсалу Вељо Кабрал и неговиот екипаж имале миса (на празникот на Богородица), кога некој го забележал далечниот остров и извикал: "Санта Марија": Овој назив потоа ќе се поврзува постојано за островот. Откривањето на Санта Марија му се припишува на Гонсалу Вељо Кабрал во 1432 година (а не на Силвес), бидејќи откривањето не било "признато официјално" додека не било прогласено од страна на португалската Круна, која го завела под името на Кабрал, како командант на патувањето (тој веќе заповедал со две истражувачки патувања во 1431-1432 година).[2][3]

Според легендата екипажот на Кабрал се истоварил на мала плажа во северозападниот дел Понте дос Канестратес, каде здогледале популација ушести фоки, па плажата ја нарекле Плаја дос Лобос (од општ португалски lobos-marinhos, или монашки фоки). Капетанот и неговиот екипаж го истражиле островот, собирајќи различни примероци на непознати растенија, како и примероци од почвата и водата за да ги дадат на Инфанте како докази за нивното откритие.[4] Инфанте ги примил овие "подароци" во 1432 година и веднаш наредил на островот да бидат испратени стада, додека тој го организирал планот за колонизација на островот. Во населувањето на Азорите, Круната применувала систем кој се покажал успешен на островот Мадејра во 1425 година. Новите земји им биле доверени на благородници, донатарио и луѓе од доверба (капетани) кои вршеле надзор над колонијата, додека да се примени кралскиот закон.[5] Господарот или донатарио за Азорите бил Инфанте Хенри Морепловецот кој имал „одврзани раце“ да ја спроведува кралската власт (освен во ковањето пари и во судството). Донатариото, исто така, имал одговорност за избор на локалните администратори, како што кај некои историчари се познати како донатариски капетани. Гонсалу Вељо, со поддршка на Изабела, бил номиниран за прв капетан на островот Санта Марија и (подоцна) на Сао Мигел, каде што тој пристигнал во 1439 со колонисти, со своите семејства и неколку грла добиток.[6][7] Од 1460 година, хроничарот Диого Гомес де Синтра го идентификувал островот како Ила де Гонсалу Вељо.[8]

Колонизацијата се зголемила помеѓу 1443 и 1447 година, пред сè со доселеници од португалските Алентежо и Алгарве, кои го населиле северниот брег по Баја дос Анжос (Плажата на анѓелите), а подоцна и во областа на Вила ду Порту (во југозападниот брег). Оваа област ќе се нарекува Вила ду Порту а општината исто така ќе го усвои името до 1470 година.[9] Од крајот на 16 век, Санта Марија била поделена на три парохии: Носа Сењора да Асунчао (Вила ду Порту), Санта Барбара и Еспирито Санто. Владеачките класи, семејствата[10] кои ги контролирале правно-административни органи на општината и парохиите биле засилени со бракот и класата, а после Ибериската Унија оваа концентрација била зголемена.[11]

Слично како и другите острови на архипелагот, Санта Марија била жртва на зачестени напади од пирати. Во една од тие битки, кастиљски брод со 40 мажи се истоварил на пристаништето на Вила ду Порту (во 1480), каде што се судриле со жителите под команда на Капетанот Жоао Соарес (внук од Гонсау Вељо и наследник на капетанијата на Санта Марија и Сао Мигел). Жоао Соарес на крајот бил фатен од страна на Шпанците, кои во пранги го однеле во Кастиља. По ред пиратски напади, населението станало непријателско кон патниците. Во февруари 1493 година, Кристофер Колумбо не бил добредојден и грубо го пречекале, кога тој и неговиот екипаж биле принудени поради бурата да застанат на островот во Баја дос Анжос при нивното враќање од нивното познато "откритие" на Новиот Свет. Неколку од неговите членови на екипажот биле заробени и по сложени преговори најпосле биле ослободени. Благодарни за нивното ослободување, одржале миса во стариот параклис[12] пред тој да се врати во Шпанија. Иако релативно далеку од правците на бродовите кои патувале за Индија, островот постојано бил напаѓан од страна на француски пирати (1553),[13] а потоа, и од страна на француски војници (1576),[14] од Англичаните[15] и Маврите во 1616[16] и 1675[17]. До 17 век, серија тврдини биле изградени по должината на брегот за населението да се брани од овие напади, вклучувајќи ја и Тврдината на Сао Брас (Вила ду Порту) и (срушената) Тврдина на Сао Жоао Батиста во Праја Формоза.[18]

Во 1580 година, при кризата на Ибериската Унија во Португалија, островот првично го поддржал Антонио од Крато, но со притисок од Филип II од Шпанија во Азорите, Антонио, се повлекол и заминал од Санта Марија.[19][20] Во текот на овој период, островот зависел од Генералниот Гувернер на Азорите. По Португалската Реставрациска Војна (1640), вестите биле дочекани со прослави а капетан-мајор станал Брас де Суза.

Во текот на Португалската Граѓанска Војна (1828-1834), граѓаните ги поддржале правата на Марија II на престолот на Португалија, за разлика од Генералниот Гувернер на Азорите (и на островот на Сао Мигел) кој го поддржал Мигел.

На 8 февруари 1989 година, американски Боинг 707 се урнал во Пику Алту, при што загинале сите 137 патници и 7 членови на екипажот. Имало недоразбирање меѓу кулата и пилотите за соодветната надморска височина во текот на нивниот пристап.

Географија

Островчето Сао Лоуренчо .
Бареиро да Фанека.
Седиштето на Регионалната управа за шумски ресурси во Рекреативниот шумски резерват Валверде

Островот Санта Марија е триаголник, опфаќа 97.4 квадратни километри и се одликува со два геоморфолошки региона:[21]

  • Западниот дел е сува глина и зафаќа две третини од островот, со својата највисока точка 277 метри надморска височина (во близина на Пикињос). Поради непропустливоста на почвата, овој регион е јаловиште со помалку лиснати растенија или треви. Населувањата биле главно на северните и јужните точки (Анжос и Вила ду Порту) и 65% од сегашната популација живее во овој регион, која ги вклучува парохиите на Вила ду Порту, Сао Педро и Алмагреира. Аеродромот Санта Марија се наоѓа по должината на западниот брег искористувајќи го рамниот терен и недостатокот на природни пречки. Речни долини долж север и југ ги делат повеќето заедници.
  • Источната третина од островот е составена од еродирани ридови и планини, покриени со области на густа растителност, пасишта и речни долини. Највисоки точки на островот се Пику Алту (590 м), Кавакас (491 м) и Калдејра (481 м). Овој регион ги вклучува парохиите Санта Барбара и Еспирито Санто, порурално и земјоделско земјиште на островот. Тука нивото на влажност е повисоко, со повеќе ветер, дожд и врнежи, што резултира со богата растителност и ендемски растителни видови.

Островот се наоѓа во југоисточниот агол на Азорите, 100 километри јужно од Сао Мигел, и 600 км од островот Флориш (најзападниот остров во архипелагот). Геолошки, тој е најстар остров во архипелагот, со формации кои се стари 8.12 милиони години.[22] Поради неговата возраст, нема историски докази за вулканите, географијата на островот има тенденција да биде позрела и вклучува поголеми депозити на водотеците отколку на другите острови на архипелагот. Слично на тоа, морски фосили се откриени на островот (во Праиња и Лагоињас), мекотели кои датираат од пред 2.7 милиони години ( Плеистоцен), и други (во Понта ду Кастелу) кои датираат од пред 5 милиони години (кон крајот на Миоценот и почетокот на Плиоценот). Генерално, Санта Марија е познат по недостатокот на вулканите во текот на периодот на човечката интервенција, иако сеизмичките настани се чести.

Каљау да Роупа, старото пристаниште на Вила ду Порту

Островот во потеклото е вулкански и се одликува со наслаги на базалт. Ова е помешано со јод и депозити на силикатен материјал. Присуството на овие депозити, единствени во Азорите, довеле до производство на вар (калциум оксид) во текот на 19 век.

Фосилните депозити обично се наоѓаат на околу 40 метри надморска височина и биле предмет на неколку палеонтолошки студии.

Почвите во посувиот западен регион се претежно црвена глина, последица на природните промени поврзани со пирокластични депозити во текот на палеоценскиот период, кога на островот климата била потопла и повлажна а средната надморска височина била 100 метри подолу од тековното морско ниво. Овие услови овозможиле формирање на фина глина, кој се користела подоцна за производство на керамика.

Генерално, брегот на островот е опкружен со прстен од стрмни карпи, во областа Роча Алта (340 м). Неколку заштитени заливи по должината на брегот имаат бели песочни плажи, заштитени од многу карпести островчиња. Овие ги вклучуваат Сао Лауренчо (и островчето, Праја) со неговите долги песочни плажи и каменестото островче Лагоињас на северниот брег.

Клима

Поради својот низок профил, островот е единствениот во архипелагот со помалку влијание на влажноста и има помедитеранска клима. Во текот на летото обично е сува и топла. Во зима, температурите остануваат благи и најголемиот дел од годината има врнежи, иако врнежите на Санта Марија се помали отколку западните острови на Азорите. Средните температури осцилираат помеѓу 14 °C и на 22 °C. Островот бил директно погоден од Ураганот Гордон во раните часови на 20 август 2012, со брзина од 120 до 170 км/ч. Гордон бил ураган од категорија 2. Немало смртни случаи и штетите биле ограничени само на растителноста.[23][24]

Климатски податоци за островот Санта Марија
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Рекордно висока °C (°F) 20.2
(68.4)
20.4
(68.7)
22.0
(71.6)
21.6
(70.9)
23.6
(74.5)
25.7
(78.3)
28.2
(82.8)
28.5
(83.3)
28.2
(82.8)
26.5
(79.7)
23.4
(74.1)
23.5
(74.3)
28.5
(83.3)
Средно висока °C (°F) 16.8
(62.2)
16.5
(61.7)
17.1
(62.8)
17.9
(64.2)
19.5
(67.1)
21.6
(70.9)
23.8
(74.8)
25.1
(77.2)
24.3
(75.7)
21.9
(71.4)
19.3
(66.7)
17.7
(63.9)
20.1
(68.2)
Дневна °C (°F) 14.4
(57.9)
14.0
(57.2)
14.6
(58.3)
15.2
(59.4)
16.7
(62.1)
18.8
(65.8)
20.8
(69.4)
22.2
(72)
21.4
(70.5)
19.3
(66.7)
17.4
(63.3)
15.4
(59.7)
17.5
(63.5)
Средно ниска °C (°F) 12.1
(53.8)
11.5
(52.7)
12.0
(53.6)
12.5
(54.5)
13.9
(57)
15.9
(60.6)
17.9
(64.2)
19.2
(66.6)
18.6
(65.5)
16.7
(62.1)
15.5
(59.9)
13.0
(55.4)
14.9
(58.8)
Рекордно ниска °C (°F) 6.2
(43.2)
4.8
(40.6)
5.5
(41.9)
7.0
(44.6)
9.4
(48.9)
10.0
(50)
12.4
(54.3)
14.6
(58.3)
13.2
(55.8)
10.6
(51.1)
8.2
(46.8)
6.5
(43.7)
4.8
(40.6)
Срени врнежи мм (инчи) 100
(3.94)
86
(3.39)
79
(3.11)
55
(2.17)
30
(1.18)
22
(0.87)
25
(0.98)
40
(1.57)
57
(2.24)
84
(3.31)
102
(4.02)
95
(3.74)
775
(30.51)
Средни дневни врнежи (≥ 1.0 mm) 12 11 10 7 5 4 4 6 8 10 11 12 100
Средна релативна влажност (%) 79 78 78 75 75 76 75 75 76 77 78 79 77
Месечно сончеви часови 94 101 133 157 218 197 247 243 187 149 109 98 1,933
Извор: NOAA[25]

Поради различната геоморфологија, населението изградило домови распрскани низ целиот остров, со формирање на мали јадра со пристап до вода за пиење (на запад) и во долините (на исток). Традиционалните домови биле изградени од сеприсутната црна вулканска карпа. Оџаците на овие домови се уникатни бидејќи во голема мера се под влијание на стиловите од Алентежо и Алгарве.

Политички, островот е една општина, Вила ду Порту, со население од 5,578 жители (2001), поделени во пет парохии:

  • Вила ду Порту: вклучува една третина од островот и има аеродром. 2,997 жители (2001).
  • Сао Педро: северниот дел на парохија: 841 жители (2001)
  • Амагреира: на јужниот дел: 537 жители (2001)
  • Еспирито Санто: источниот агол: 723 жители (2001)
  • Санта Барбара: северна и источна парохија: 480 жители (2001).
Регата на едрилици на Санта Марија

Економија

На островот економија поминала низ многу на циклична еволуција поврзана со Азорите. Првично, економијата се засновала на производството на пченица, додека во 16 век, се развивала бавно врз основа на житни култури. Ова е исто така период на производство и извоз на фина глина-црвеница за керамика на занаетчиите на Сао Мигел (за производство на истите).

Во споредба со другите острови, одгледувањето на добиток и производството на млеко никогаш не го постигнале истото ниво на развој. Земјоделството е уште доминантна активност во општината, и зафаќа 47.6% од земјата. Оваа активност е обично ограничена во мали вложувања. Постојат неколку комерцијални видови на риби во водите околу Санта Марија, како што се скуша, сардина, туна. Кај среднaта индустрија доминира градежништвото, пилани, плочки и сл.

Како и кај останатите Азори, развиен е туризам со активности како што се едрење, сурфање на ветер, скијање на вода, спортски риболов (туна, сабјарка) и нуркање, плажа, пешачење и лов. Селата на Сао Лауренчо, Праја, Маја и Анжос се познати како летни туристички центри, привлекување на посетители на нивните плажи, природни базени и фестивали.

Сообраќај

Директни летови до континентот (Лисабон) се обезбедени од Аеродромот Санта Марија кој се наоѓа блиску до Вила ду Порту. Аеродромот, исто така, обезбедува некои директни врски со остатокот од архипелагот.

Меѓуостровски ферибот, во сопственост на азорскиот морски транспортер оператор AtlânticoLine, врши услуги на Санта Марија во текот на летото. Слично на тоа, инаугуриран во 2007 година, пристаништето во Вила ду Порту овозможува пристап до островот во текот на целата година.

Култура

Свечености

Слика од Светиот Господ Исус Христос на Чудата: иако помал од прославата на соседниот остров Сао Мигел, овој фестивал е централен културен настан.

Слично како на остатокот на Азорите, културата е во голема мера под влијание на традиционалните религиозни прослави и празници. Конкретно, Фестивалот на Светиот Дух. Овие фестивали вклучуваат верска церемонија и крунисување на еден или повеќе деца со сребрена круна, украсена со симболите на Светиот Дух.

Во прилог на парохиските прослави поврзани со локалните светци, островот го слави Фестивалот на Господ Исус Христос на Чудата. На 15 август секоја година, општината, исто така, го слави фестивалот во чест на Носа Сењора да Асунчао (Богородица), светица заштитничка на Вила ду Порту.

За време на последната недела од август, Праја е домаќин на светски музички фестивал: Маре де Агосто.

Традиција

Ореља колачињата (буквално Колачи Уво) се регионален специјалитет на островот Санта Марија

Занаетите во Санта Марија се одликуваат со керамика, волнени џемпери, ќебиња, пешкири и други везови. Се изработуваат и сламени шешири, кошници и разни други предмети традиционално се направени од дрво, пченка и метал кои се продаваат како сувенири.

Традиционалната музика и народните танцување се под силно влијание од страна на стилови на Беирас и Алентежо. Народни групи постојат на островот, кои репродуцираат стилови облека, музика и традиционален танц.

Туризам

Туристите главно уживаат во белите песочни плажи и базени во заедниците на Анжос (Вила ду Порту), Праја, Маја (Еспирито Санто) и Сао Лауренчо (Санта Барбара). Праја е особено познат на островот по белата песочна плажа која се протега низ заливот. Во останатите места, првичните природни карпести базени се заменети со бетонски базени со морска вода.

Наводи

  1. José Damião Rodrigues (1995), p.33
  2. José Damião Rodrigues (1995), p.2
  3. The year previous, Gonçalo Velho Cabral had actually discovered the small rock outcropping of the Formigas northeast of Santa Maria.
  4. Artur Teodoro de Matos, et.al. (2008), p.55
  5. José Damião Rodrigues (1995), p.34
  6. Carlos Melo Bento (2008), p.20
  7. José Damião Rodrigues (1995), p.33-36
  8. José Damião Rodrigues (1995), p.38
  9. José Damião Rodrigues (1995), p.39
  10. These families included the Velhos, Curvelos, Sousas, Andrades, Figueiredos, Alpoins, Mouras and Bragas initially, but also dynastic families, such as Manuel de Sousa Falcão, a magistrate whose descendants would hold a seat in various municipal governments for two decade (1660-1670).
  11. José Damião Rodrigues (1995), p.41
  12. The old chapel of Anjos is only survived by a ruined ornate window portico on the site of the relatively new chapel (constructed in the 18th century).
  13. Nine French warships while in the waters of Santa Maria, captured a fisherman near the Ponte de Carestante. He was able to escape to the waters of São Jorge, finding land, and reporting it to the local officials. A notice arrived in Terceira and preparations were made for the defense of the island. The preparations were so exaggerated that the pirates desisted, and made for the coasts of England instead.(FIGUEIREDO, 1990:75)
  14. A small group of boats (including a galleon and a carrack) disembarked on the island with several armed troops (equipped with arquebuses. After attacking several residents, they assaulted and burned down Vila do Porto. Then Captain-major Pedro Soares, in order to reinforce the defense, solicited his brother-in-law Rodrigo de Baeça, to travel to São Miguel for help from Captain-major D. Manuel da Câmara (who immediately sent troops under the command of Sergeant-major Simão do Quental. Following several days of skirmishes, wherein the troops pillaged, sacked and destroyed the Vila, they were confronted by Baeça's near Santo Antão. After ferocious fighting, the French troops then reembarked and abandoned the island. (FIGUEIREDO:1990:75).
  15. English pirates, after artillery fire from their two boats, disembarked in the port of Vila. They climbed the rocky cliffs of Conceição and were met by gunfire from the defenders, under the command of Captain-major Brás Soares de Albergaria and his adjunct André de Sousa (as recorded by Father Manoel Corvelo, who also an active participant; extorting the defenders while holding an image of the Virgin his hands). Throwing rocks from the cliffs, the Portuguese caused several injuries, disorder and confusion, eventually causing the English to desist, retreating and leaving behind small boats, muskets and cutlasses, as well as a trumpet (which was used by the defenders in their triumph).(FIGUEIREDO, 1990:75-76).
  16. In July 1616, 500 Muslims from the area of Algeria left to pursue carracks traveling to India. Unsuccessful, they guided their boats to Santa Maria, finding landfall in southern beaches (along Praia). Their captain, Tabaqua-raz (a renegade Genovese) spent the following weeks sacking and burning down churches, homes and public buildings (including the Convent of São Francisco), kidnapping many and collecting prisoners (who were sold into bondage in North Africa). Many residents hid in the caves near Santana while waiting for support from São Miguel.
  17. This assault was attributed to carelessness of sentinels, who were caught unawares when several Moors disembarked near Anjos. The Chapel of Nossa Senhora de Anjos was sacked, several women raped and eleven were taken into captivity (women and children).(FIGUEIREDO, 1990:76)
  18. Noé, Paula (2012), SIPA (уред.), Forte de São Brás (IPA.00015931/PT072107050007) (португалски), Lisbon, Portugal: SIPA – Sistema de Informação para o Património Arquitectónico, Посетено на 14 September 2016
  19. Figueiredo, 1990:77
  20. José Rodrigues Ribeiro (1979)
  21. Maderia, 1986, p. 107
  22. França et al., Geologia dos Açores: Uma Perspectiva Actual. Ponta Delgada: Sociedade Afonso Chaves, 2005. p. 21
  23. „Gesprächsstoff“. ergopraxis. 5 (07/08): 11–11. 2012-07. doi:10.1055/s-0032-1322776. ISSN 1439-2283. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  24. MORSE, PAIGE (1998-10-05). „Hurricane Georges causes minor damage at Gulf Coast plants“. Chemical & Engineering News. 76 (40): 10–11. doi:10.1021/cen-v076n040.p010a. ISSN 0009-2347.
  25. [VI/PO/08515.TXT|"Santa Maria Climate Normals 1961-1990"]. National Oceanic and Atmospheric Administration.

Извори

  • Madeira, J. (1986). Geologia estrutural e enquadramento geotectónico da Ilha de Santa Maria (Açores) [Geological structure and geotectonic base of the island of Santa Maria (Azores)]. Tese apresentada às provas de Capacidade Científica para passagem a Assistente (португалски). Lisbon: Departamento de Geologia da Faculdade de Ciências da Universidade de Lisboa. стр. 107.
  • Figueiredo, Nélia Maria Coutinho (1996). As Ilhas do Infante: a Ilha de Santa Maria [The islands of the Infante: the island of Santa Maria] (португалски). Angra do Heroísmo (Azores), Portugal: Secretaria Regional da Educação e Cultura/Direcção Regional da Educação. ISBN 972-8366-00-0.
  • Ribeiro, José Rodrigues (1979). Dicionário Corográfico dos Açores (португалски). Angra do Heroísmo (Azores), Portugal: SREC/DRAC. стр. 268..
  • Raposo, António G.B.; Reis, Victorino V. „A ilha de Santa Maria. História, clima e evolução da população“ (PDF). Relatórios e Comunicações do Departamento de Biologia (португалски). Ponta Delgada (Azores), Portugal: University of the Azores (19): 1–13.
  • João de Medeiros, Constancia. „A ilha de Santa Maria : evolução dos principais aspectos da sua paisagem humanizada (sécs. XV a XIX)“ (PDF). Arquipélago. Série Ciências Humanas (португалски). Ponta Delgada (Azores), Portugal: University of the Azores (4): 225–244.
  • Rodrigues, João Damião (1995). „Sociedade e administração nos Açores (século XV-XVIII) : o caso de Santa Maria“ (PDF). Arquipélago. História (португалски) (2. изд.). Ponta Delgada (Azores), Portugal: University of the Azores. 1 (2): 33–63. ISSN 0871-7664.
  • GRA, уред. (7 November 2008), Decreto Legislativo Regional 47/2008/A (PDF) (португалски), Ponta Delgada (Azores), Portugal: Jornal Oficial da Região Autonoma dos Açores, Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-12-28, Посетено на May 2012 Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!