Фајал (остров)

Фајал
Ilha do Faial
Ила да Вентура, Ила Азул
Остров
Островот Фајал, виден од островот Пику
Островот Фајал, виден од островот Пику
Етимологија: faia, португалски за вид растение (грмушка)
Прекар(и): Синиот Остров
Местоположбата на островот Фајал во архипелагот на Азорите
Местоположбата на островот Фајал во архипелагот на Азорите
ДржаваПортугалија
Автономен РегионАзори
ОстровиЦентрална Група
Површина
 • Вкупна173,06 км2 (6,682 ми2)
Надм. вис.&100000000000010430000001.043 м
Население (2001)
 • Вкупно14,875
 • Густина0,86/км2 (2,2/ми2)
ДемонимФајалци
Етнички групиПортугалци
Население14,806 (2001)
Густина35.3 /км2 (91.4 /sq mi)

Faial, португалски: 'Ilha do Faial' (португалски изговор: [fɐˈjaɫ]), е вулкански остров, дел од Централната Група на архипелагот на Азорите. Неговата површина изнесува 173 км2. Врвот на островот, Кабешо Гордо, изнесува 1043 м. надморска височина издигнувајќи се над калдера чиј пречник изнесува 2 км со 400 метри длабочина. Главен град на островот е Хорта. Најблискиот остров е Пику кој се наоѓа на 6 км, на исток.

Историја

Островот бил откриен во првата половина на 15 век, а човечкото населување започнало веројатно во 1460.

Прво назначен како "Остров Авантура" (Ilha da Ventura)[1], а потоа "Островот на Свети-Луј" (Ilha de São Luís)[2], сегашното име на Фајал се поврзува со изобилството на еден вид грмушка Myrica faya, позната на португалски под името, фаја да тера [3] или фаја дас илас деривати себе на зборот faia, бука.

За време на средновековни легенди и неосновани приказни за мистичните земји[4] островот Фајал за првпат се појавил во 1375–1377 на Каталонската Мапа, како Ilha da Ventura или Insula de La Ventura (македонски: Остров на Авантурата).

Населување

Во 1427 година било откриено тоа што повеќемина го претпоставувале: острови во средината на Атлантикот (поточно островите Санта Марија и Сао Мигел). Следните години се појавиле и нови откритија додека, за време на неговото прво истражувачко патување (во 1451 година), морепловецот Диого де Теиве не го истражил брегот на Фајал.

До 1460, морепловните мапи го назначувале овој остров како Ила де Сао Луис. Во ова време Валентим Фернандес да Моравија, германски интелектуалец и преведувач кој престојувал во Лисабон, ја раскажал првата приказна поврзана со населувањето на островот. Како што напишал, Фрејр Педро, исповедникот на кралицата, патувал со Инфанта Д. Изабела од Португалија, Војвотката од Бургундија, во Фландрија, каде што се запознал и развил пријателство со благородникот Жосе ван Хуертер. За време на нивните разговори, Педро разговарал со Ван Хертер за островите и дека постојат депозити на сребро и калај (за кои тој претпоставувал дека се Илас Каситеридес, на македонски со значење, Калајски Острови). Ван Хуертер убедил 15 други побогати мажи да вложат во архипелагот.

Експедициите на Ван Хуертер

Бродот "Азор", најпопуларниот брод на Азорите.

Околу 1465 година, Хуертер за првпат стигнал на плажата Праја де Алмофариз (сега Праја де Алмоксарифе). Експедицијата останала на подрачјето на Ломба дос Фрадес околу една година, сè додека нивните резерви не се потрошиле. Неговите сонародници биле налутени од недостатокот на ветените благородни метали, и набрзо Ван Хертер избегал во Фландрија и во дворот на Бургундија.

Порто Пим на островот Фајал, Азори

Во 1467 година, Хуертер се вратил на Фајал со нова експедиција, поддржана од Војвотката Изабела која наредила мажи и жени од сите сталежи да бидат испратени на островот. Инфанте Д. Фернандо (Војвода од Визеу) му ја дал на Ван Хуертер титулата капетан-мајор [5] за островот. Новите колонисти се соочиле со проблеми во својата нова колонија, поради недостаток на вода за пиење. Тие ја пренеле својата населба во соседната долина (која и денес да го носи името "Фламенгос", португалски термин за "фламански" или буквално "фламански народ"). Ван Хуертер изградил мала капела, осветена во името Санта Крус (Светиот Крст). На крајот, тој привремено се вратил во Лисабон, каде што се оженил за Беатриз де Маседо, гувернанта на војводата Визеу. Сè уште преговарач, тој се вратил на Фајал, промовирајќи го населувањето на колонијата и неговите имоти. Тој ја убедил втората група доселеници, под фламанскиот благородник Вилем ван дер Хеген (подоцна позната како Гилерме да Силвеира) да ги донесе своите сограѓани, нивните семејства и помошен персонал на островот во 1467 година.

Доселениците се сконцентрирале во областа на Кончеичао и Порто Пим, создавајќи јадра во Вила де Орта (подоцна Вила де Хорта), име транслитерирано од презимето на Ван Хуертер. До 1490 година, оваа фламанска заедница броела околу 1500 луѓе, а им се придружиле неколку семејства од Алентехо, Моинхо и други острови во архипелагот. Брзиот раст на островот, во оваа фаза, бил резултат на одгледувањето пченица и пораст на индустријата. Подоцна, името на островот се променило во "Фајал", поради големиот број дрвја од видот Myrica faya. Со подобрувањето на економијата на островот, тука се доселиле Португалците и набрзо фламанското влијание се намалило.

Во 1583 година, како дел од шпанската окупација на Азорите на Фајал била испратена шпанска флота. За време на Иберскиот сојуз на Португалија и Шпанија, островот честопати бил напаѓан од Велика Британија и од француски пирати. За да се заштитат, Фајалците изградиле голем број тврдини. Во 18 век имало повеќе од 20.

Вулканот Кабешо Гордо избувнал во 1672 година, што довело до емиграција во Бразил, но економијата не била значително оштетена. Хорта станала пристаниште за језуитски мисионери кои патувале во и од Бразил и од Азија. Језуитите изградиле училиште во Хорта, како и кармелитите и францисканските монаси. Истражувачот Џејмс Кук, исто така, стигнал до островите пред да започне со своите патувања во Тихиот Океан, во текот на 18 век.

Фајалците биле активни учесници во борбите меѓу либералите и револуционерите. Тие ја поздравиле посетата на кралот Педро IV во 1832 година а за својата лојалност, Хорта била прогласена за град.

Фајал

Стопански подем

Растот од индустријата и трансатлантскиот поморски сообраќај ја прошириле важноста на Хорта, како безбедно пристаниште и база за складирање на јаглен. Во 1919 година, првиот авион што го преминал Атлантикот пристанал во Хорта. Извонредната местоположба на Хорта, исто така, довело до тоа Американците да ја основаат базата Клипер. Слично на ова, во Хорта биле сместени британските, американските, француските, германските и италијанските меѓуконтинентални подморници. За време на Втората светска војна, Хорта исто така била важна поморска база, давајќи засолниште на некои сојузнички бродови што учествувале во инвазијата во Нормандија.

Островот, зависен од китовите и земјоделството, остана просперитетен до избувнувањето на вулканот Капелињос во 1957 година. Заедниците на северниот и западниот брег биле остро погодени од ерупцијата на вулканите, бидејќи земјоделските земјишта биле покриени со песок и пепел. Ова довело до имиграција на 4000 луѓе во САД, предводени од членовите на португалската дијаспора во Нова Англија

До 1987, ловот на китови била главната активност на островот. Економските и политичките промени од 1980-тите помогнаа да се ревитализира економијата и развојот на островите. Островот доживеал економски развој и со производство на пастелносина боја.

Географија

Мапа на островот.
Калдера (Фајал)

Островот има вулканско потекло и неправилна петоаголна форма, со димензии, 21 километар на 14. Фајал е концентрат на сите вулкански формации кои се наоѓаат во архипелагот: штитест вулкан (Вулканот Рибериња), стратовулкан (Вулканот Калдера), моногенични базалтски вулкани (како на полуостровот Капело или на висорамнината Хорта), тракитски вулкан (Олтарот на дното на Калдерата), подводен вулкан и од тракитска природа (Моро де Кастело Бранко), вулкани од подморска и базалтна природа (Монте да Гуја), подводен а потоа надводен (Кабешо дос Капелињос).

Вулкани

Островот се состои од стар штитест вулкан, вулканот Рибериња, кој се наоѓа на североисточниот крај. Тој потекнува уште од создавањето на Фајал. Оттогаш, во голема мера бил уништен од ерозијата и со тектонските сили, кај гребенот Педро Мигел. Вулканот Калдера сега е во средината на островот.

Над платформата Хорта, со базалтичко потекло се издигнуваат неколку моногенични вулкани, како Монте дас Moшас, Монте Кеимадо или Монте да Гуја.

Полуостровот Капело е формиран од линеарен венец на базалтички вулкани, ориентирани кон северозападниот дел на островот. Во текот на историјата имало две големи вулкански ерупции на островот: 1672-1673, Кабешу ду Фогу и во 1957-1958, Кабешу дос Капелињос.

Вулканска активност

Последната вулканска ерупција е онаа на вулканот Капелињос меѓу 27 септември 1957 и 24 октомври 1958. Оваа ерупција уништила едно рибарско село, од кое денес останал само светилникот. Таа е меѓу најдолгите за кои се знае во Азорите. Еруптивната подводна динамика (суртсејски тип) била снимена, набљудувана, опишана и за првпат толкувана од страна на Харун Тазирф. Денес, на вулканот Капелињос му се заканува опасноста да исчезне, поради ерозија.

Вулканот Калдера е полигениска градба која за 15 000 години доживеала 14 ерупции од суплиниска природа. Две од овие ерупции биле особено насилни. Овие две ерупции се датирани пред околу 1660 и 1200 години. Последната ерупција веројатно го дала обликот на Калдерата која е најнова калдера на архипелагот на Азорите (околу 2 км во пречник и 400 метри длабоко, со особено стрмни страни).

Поглед на централната Калдера (португалски: Caldeira) видена од јужниот раб на Кабешо Гордо
Капелињос, на островот Фајал

Туризам

Островот е познат и под името Ила Азул (македонски: Синиот Остров), веројатно поради големиот број на хортензии кои цветаат во летните месеци.

Пристаништето во Хорта е популарната станица на морнарите при преминот на Атлантскиот Океан.

Со ерупцијата во 1957, островот доживеал вулканска активност која траела 13 месеци. Стотина куќи биле уништени но површината на островот се зголемила за  2,4 км2. Од оваа геолошка катастрофа денес останал месечев пејзаж на пепелни планини колонизирани со диви трски и тамариси. Стариот светилник, наполу проголтан од лавата денес е комеморативен музеј.

Споменици и места

Јахтата Венус на Стив Џобс во Португалија, на островот Фајал

Фајал е туристички остров со богата колекција на историски, природни и модерни атракции кои годишно привлекуваат јахти, крстосувачки бродови и туристички групи. Освен неколку хотели и приватни сместувалишта расфрлани низ целата парохија, посетителот кој сака сонце најверојатно ќе отпатува за црните песочни плажи на Праја де Алмоксарифе, Консејшао и Порто Пим, како и базените на карпите расфрлени по должината на брегот. Варадуро е едно такво место, познато по своите потопли води, микро-клима, летни колиби и базени со солена вода отворени за океанот. Од карактеристичната архитектура се издвојува тоа дека островот има многу ветерници кои се одлика на пејзажот. Тука е и Тврдината Санта Крус- стара тврдина од 16 век којашто денес е претворена во хотел.

Економија

Главен ресурс на земјоделството се компири, житарици, овошје и вино, а преку сточарството се развива индустрија за преработка на млеко и месо.

Островот го има Аеродромот Хорта (IATA код: HOR).

Поврзано

  • Список на вулкани на Азорите
  • Кондор, подводна планина на 17 км запад-југозапад од островот Фајал
  • Азори

Наводи

  1. (португалски) Governo dos Açores, Direcção regional da cultura, Centro de conhecimento dos Açores, Enciclopédia açoriana : Faial (ilha)[мртва врска]
  2. (англиски) Portaltur Архивирано на 4 август 2020 г. : Faial Архивирано на 8 јануари 2010 г.
  3. (португалски) Governo dos Açores, Direcção regional da cultura, Centro de conhecimento dos Açores, Enciclopédia açoriana : faia[мртва врска]
  4. Many stories have been told in the history of Portuguese discovery related to the Azores of the land of Atlantis, Sete Cidades, lands of São Brandão, the Ilhas Afortundadas, Ilha do Brasil, Antília, Ilhas Azuis, Terras do Bacalhaus, and the mysterious island of equestrian statue (attributed to the island of Corvo).
  5. Насловот е феудална титула што се користи во атлантските колонии и Бразил, каде што гувернерот не е оправдан, и каде администрацијата на земјиштето, обезбедувањето судови и системот на финансии бараат политичка администрација. Капитан-мајор беа генерално платени од 10% од наемнините на земјиштето, како и нивниот избор на земји во рамките на нивната администрација.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!