Базалт — магматска карпа, со темна или црна боја, која се одликува со својата тврдост. Оваа карпа е потврда од гранитот. Базалтот го сочинува дното на длабоките мориња и служи како многу добар градежен материјал, особено за градење на патишта.
Обично е ситнозрнест поради долгото ладење на лавата на површината од земјата. Може да биде со порфирна структура, т.е. да содржи поголеми кристали во матрична форма. Може да има везикуларна или флуидална текстура. Базалтот обично е црн или сив. Базалтните магми се оформуваат со декомпресивно топење на Земјината кора. Повеќе од 90% од сите вулкански карпи на Земјата се базалт.[1]
толеитски базалт има релативно малку силициум и сиромашен е со натриум. Најголем дел од базалтот од океанското дно е од овој тип.
високоалуминиумски базалт кој содржи повеќе од 17% (Al2O3)
алкален базалт има релативно малку силициум, а богат е со натриум. Може да содржи алкален момирок и флогопит.
бонинит е андезит богат со магнезиум.
Петролошки одлики
Базалтот е карактеристичен по калцитниот плагиокласен момирок и пироксенот. Оливин исто така може да се најде во значајна мерка. Во базалтот може да се најдат и оксиди на железо или оксиди на железо и титан, како што се магнетит, улвоспинел и илменит. Поради присуството на тие материјали, базалтот има силни магнетни својства.
Во теолеитичкиот базалт има пироксени и калциум богат со плагиоклас. Матрицата на карпата често содржи кварц, тридимит или кристобалит.
Во високоалуминиумскиот базалт присутни се фенокристали на момирок. Алкалниот базалт е без ортопироксени.
Базалтот има високотемпаратурна течна и цврста фаза. Блиску до Земјината површина има 1200 °C.
Повеќето телеолити се создаваат на околу 50-100 километри под површината, а алкалниот базалт се создава веројатно на 150-200 километри под површината.
Геохемија
Базалтот е богат со MgO и CaO, а сиромашен со SiO2 и Na2O. Базалтот најчесто има ваков состав:
45-55% SiO2, 2-6% алкали, 0,5-2,0% TiO2, 5-14% FeO и 14% или повеќе Al2O3. Составот на CaO вообичаено е околу 10%, а MgO има од 5 до 12%.
Високо алуминиумскиот базалт има 17-19% Al2O3.
Морфологија и текстура
Формата, структурата и текстурата на базалтот покажуваат на кој начин излегол на површината, дали тоа било во море, со експлозивна ерупција или приерупција на лава. Кога базалтот излегува под вода, водата го лади и се создаваат карпи во форма на перници, низ кои се пробива лавата и создава нова површина.
Наводи
↑„Basalt“. Geology: rocks and minerals. The University of Auckland. 2005.
Литература
A. Y. Ozerov, The evolution of high-alumina basalts of the Klyuchevskoy volcano, Kamchatka, Russia, based on microprobe analyses of mineral inclusions. Journal of Volcanology and Geothermal Research, v. 95, pp. 65–79 (2000).
Alexander Ablesimov, N. E.; Zemtsov, A. N. (2010). Релаксационные эффекты в неравновесных конденсированных системах. Базальты: от извержения до волокна [Relaxation effects in nonequilibrium condensed systems. Basalts from eruption to fiber] (руски). Moscow.
Sobolev, Alexander V. W. Hofmann; Albrecht; Kuzmin, Dmitry V.; Yaxley, Gregory M.; Arndt, Nicholas T; Sun-Lin Chung; Danyushevsky, Leonid V.; Elliott, Tim; Frey, Frederick A; Michael O. Garcia; Andrey A. Gurenko; Vadim S. Kamenetsky; Andrew C. Kerr; Nadezhda A. Krivolutskaya; Vladimir V. Matvienkov; Igor K. Nikogosian; Alexander Rocholl; Ingvar A. Sigurdsson; Nadezhda M. Sushchevskaya & Mengist Teklay (20 април 2007). „The Amount of Recycled Crust in Sources of Mantle-Derived Melts“(PDF). Science. 316 (5823): 412–417. Bibcode:2007Sci...316412SПроверете го |bibcode= length (help). PMID17395795.
Siegesmund, Siegfried; Snethlage, Rolf, уред. (2013). Stone in architecture properties, durability (3. изд.). Springer Science & Business Media. ISBN978-3662100707.
Young, Davis A. (2003). Mind over magma : the story of igneous petrology. Princeton, N.J.: Princeton University Press. ISBN978-0-691-10279-5.