СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Раде Јовчевски-Корчагин“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар. Таа е една од најпрестижните гимназии во Македонија.
Гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ е формирана во 1960та година, и оттогаш важи за строга и квалитетна образовна институција. Во 1968 година се сели во новиот објект, со што добива поповолни услови за одржување настава.