Руска православна армија, РПА (руски: Русская православная армия) — руска отцепничка паравоена група во Украина која се борела против украинските сили во Војната во Донбас. Основана била во 2014 година.[1] РПА подоцна била вклучена во Петтата одделна пешадиска бригада „Оплот“.[2]
Заднина
Руската православна армија била една од бројните единици на проруската сепаратистичка милиција во регионот на Донбас опишани како „про-царистички“, „екстремистички“ православни христијани.[3][4]
Од почетокот на бунтот во Украина на почетокот на 2014 година, многу средишни фигури во Донецк биле директно или индиректно поврзани со Руското национално единство (РНЕ), особено Павел Губарев, истакнат портпарол со повеќе звања (лидер на Донечката милиција, гувернер на Донечка Народна Република, нејзиниот министер за надворешни работи и основачот на Партијата Нова Русија), кој освен што изјавил дека РПА била организирана од РНУ под негова контрола, исто така, се прогласил за водач на секцијата РНЕ во Донецк.[5][6][7] Не било можно да се воспостави точно кога биле создадени ограноците на РНЕ во Украина. Историчарката Марлен Ларуел вели дека иако постојат сомневања за поранешниот водач на РНЕ Баркашов дека е близок со командантот Верин, ниту еден сигурен извор во Украина не може да го потврди тоа, а самата страница на Facebook на РПА не прикажува директна врска со РНЕ.[8]
Според рускитеновинари, РПА наводно имала 4.000 членови, додека очевидците процениле дека нивното членство изнесувало 500 луѓе.
Битки
Значајни битки на РПА ги вклучувале судирите во јуни 2014 година во Мариупол и Амвросиевкиот Реон.[9] Седиштето на РПА се наоѓало во заземена зграда на Службата за безбедност на Украина во градот Донецк.[10] Членовите немале посебна обука освен вообичаената воена служба во војска[11] и се заколнале на верност на Игор Гиркин („Стрелков“), бунтовник и министер за одбрана на самопрогласената Донечка Народна Република, од јануари 2017 година.
Верски прогон
Заедно со другите отцепувачки групи во регионот, РПА била обвинета за „киднапирање, тепање и закана на протестанти, католици и членови на Украинската православна црква, како и за учество во антисемитски дејствија“.[12]
Кон крајот на ноември 2014 година, групата привлекла внимание по киднапирањето на истакнатиот украински гркокатолички свештеник Сергеј Кулбака и римокатоличкиот свештеник отец Павел Витек.[13][14] Според Министерството за одбрана на Украина, РПА, исто така, била во судир со друга проруска милиција, Баталјонот „Исток“ (Восток), кој ја обвинил РПА за грабеж и за избегнување борба.[15][16]
Епилог
Во септември 2014 година, РПА го променила својот формат и се приклучила на новата Петта одделна пешадиска бригада „Оплот“.[2]
↑Kuzio, Taras (2015). Ukraine: Democratization, Corruption, and the New Russian Imperialism. ABC-CLIO. стр. 110–111. the Russian Orthodox Army, one of a number of separatist units fighting for the “Orthodox faith,” revival of the Tsarist Empire, and the Russkii Mir. Igor Girkin (Strelkov [Shooter]), who led the Russian capture of Slovyansk in April 2014, was an example of the Russian nationalists who have sympathies to pro-Tsarist and extremist Orthodox groups in Russia. ... the Russian Imperial Movement ... has recruited thousands of volunteers to fight with the separatists. ... separatists received support from Russian neo-Nazis such as the Russian Party of National Unity who use a modified swastika as their party symbol and Dugin's Eurasianist movement. The paramilitaries of both of these ... are fighting alongside separatists.
↑Laruelle, M. (2019). Russian Nationalism: Imaginaries, Doctrines, and Political Battlefields. United Kingdom: Routledge. (p. 206)
↑Laruelle, M. (2019). Russian Nationalism: Imaginaries, Doctrines, and Political Battlefields. United Kingdom: Routledge. (стр. 208)
↑Mitrokhin, Nikolay (2015). „Infiltration, instruction, invasion: Russia's war in the Donbass“(PDF). Journal of Soviet and Post-Soviet Politics and Society. 1 (1): 234, забелешка 38. Архивирано од изворникот(PDF) на 2016-05-28. Посетено на 13 јануари 2024. In the Donbass region, the RNE organized the small but highly effective group Russkaia pravoslavnaia armiia (Russian Orthodox army), which was de facto under the control of RNE member Pavel Gubarev, by Gubarev’s own account.