Родерик Дејвид Стјуарт 10 јануари1945(1945-01-10) (79 г.) Хајгејт, Лондон, Англија
Други имиња
Rod the Mod
Занимање
Singer
songwriter
record producer
musician
Активен период
1961–денес
Сопружник
Алана Колинс (в. 1979; раз. 1984)
Рејчел Хантер (в. 1990; раз. 2006)
Пени Ланкастер (в. 2007)
Деца
8
Родерик Дејвид Стјуарт (роден на 10 јануари 1945 година)[1] — британски поп-рок пејач и текстописец. Со својот препознатлив рапав глас, Стјуарт со продадени над 250 милиони плочи ширум светот е меѓу музичарите со најголема заработка на сите времиња.[2] Имал 10 албуми на прво место и 31 топ десет синглови во ОК, од кои шест се искачиле на прво место.[3] Во САД, Стјуарт има 16 топ 10 синглови, а четири се искачиле на прво место на Billboard Hot 100. Бил прогласен за витез во 2016 година за наговата работа поврзана со музиката и добротворните цели.
Во 2008 година, списанието Билборд го рангирал на 17-то место на листата „100 најдобри уметници на сите времиња од Билборд“.[4] Добитник е на Греми и Брит награди, на листата од Q Magazine „Топ 100 најдобри пејачи на сите времиња“ се наоѓа на 33 место.[5] Како соло изведувач, во 1994 година Стјуарт бил примен во американската Куќата на Славните на Рокенролот, во Куќата на славните музичари од Обединетото Кралство во 2006 година, а уште една бил примен во американската Куќа на славните од Рокенролот во 2012 година како член на Faces.[6][7]
Приватен живот
Родерик Дејвид Стјуарт е роден во Лондон на 10 јануари 1945 година, како најмало од петте деца на неговите родители.[8][9] Татко му бил Шкотланѓанец, а мајка му Англичанка и детството го поминал во Северен Лондон.
Стјуарт го напуштил училиштето на 15-годишна возраст [10] и кратко работел како ситопечатар.[11] Татко му го поддржувал во неговата амбиција била да стане професионален фудбалер,[10] и летото 1960 година бил на проба во Брентфорд[12] кој тогаш се натпреварувал во третата лига.[13] Род Стјуарт во својата автобиографија од 2012 година наведува дека никогаш не потпишал за клубот и дека клубот не го повикал по пробата. Сепак, во врска со можните опции за кариера, Стјуарт заклучил: „Па, животот на музичарот е многу полесен и јас можам да се опијам и да правам музика, а не можам да го правам тоа и да играм фудбал. Се определив за музика. . . Тие всушност се единствените две работи што знам да ги правам: да играм фудбал и да пеам.“[10][14]
Музичка кариера
Род Стјуарт музичката кариера ја започнал во 1962 година кога како баскер свирел хармоника. Во 1963 година, се приклучил на музичката група The Dimensions како вокал, а бил член и на All Stars (1964-1967), групата на Џеф Бек (1967-1969), и Faces (1969-1975). Во 1969 започнал и соло кариера; истата година го објавил својот деби албум. Првите албуми на Стјуарт биле спој на рок, фолк, соул и ритам и блуз.[15][16] Со својот трет албум, Every Picture Tells a Story (1971), се пробил на врвот од топ листите во ОК, САД, Канада и Австралија, а особено успешна била баладата „Меги Меј“. Следниот албум, Never a Dull Moment (1972), исто така се искачил првото место во Обединетото Кралство и Австралија.
Во 1975 музичката група Faces се распаднала. Род Стјуарт во следните години имал неколку хит балади како „Sailing“, од албумот Atlantic Crossing.A Night on the Town (1976) бил неговиот петти последователен албум кој се искачил на врвот од топ листите во Обединетото Кралство, а од тој албум многу добро поминала песната „Tonight's the Night (Gonna Be Alright)“ која поминала речиси два месеци на првото место во САД и Канада. Foot Loose & Fancy Free (1977) го имал хитот „You're in My Heart (The Final Acclaim) “.
Награди и почести
Брит награда за исклучителен придонес во музиката, 1993 година.[17]
Ја добил наградата Легенда на Светските музички награди, 1993 година.[18]
Hinman, Doug (2004). The Kinks – All Day and All of the Night: Day-By-Day Concerts, Recordings and Broadcasts, 1961–1996. Hal Leonard Corporation. ISBN0-87930-765-X.