Ричард Мајкл Лок (англиски: Richard Michael Locke, р. 22. април 1959 година во Бостон, Масачусетс, САД) е американски политиколог. Лок од јули 2015 година е проректор за академски прашања на Брауновиот универзитет.[4] Тој беше четвртата личност назначена на оваа позиција во период од шест години, откако неговиот претходник Вики Колвин поднесе оставка по помалку од една година на позицијата. Лок е експерт за работнички права[5] и корпоративна општествена одговорност.[6] Пред да стане проректор, тој ја беше директор „Хауард Р. Свеарер“ на Вотсоновиот институт за меѓународни и јавни работи при Брауновиот универзитет.[7] Претходно, Лок беше продекан на Слоановата школа за менаџмент при Масачусетскиот институт за технологија.[8]
Наводи