Ристо Попов
|
|
Роден
|
1922 година Село Дреново, Кавадаречко
|
Починал
|
6 септември, 1944 година Прилеп
|
Националност
|
Македонец
|
Ристо Трајко Попов ( 1922 во Дреново (Кавадаречко) — 6 септември 1944 во Прилеп) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
Се занимавал со земјоделие. Станал член на КПМ во 1944 година. Во редовите на НОВ на Македонија, стапил на 5 јули 1944 година во Втората македонска ударна бригада, а од август истата година во Единаесетта македонска бригада, како политички комесар на чета. Загинал во борбата со Германците за ослободување на Прилеп на 6 септември 1944 година.[1]
Наводи