Ристо Краповски (р. 11 февруари 1950 во Скопје) — македонски пејач на народна музика и автор.
Животопис
Краповски е роден во Скопје на 11 февруари 1950 година, македонски пејач и автор. Во 80-десеттите години заедно со Ефто Пупиновски ја оформуваат групата "Династија", која беше активна неколку години. Тој во својата кариера, има соработувано со многу наши пејачи на естрадата. Има напишано два големи хита, безвременската песна на Војо Стојановски "Ти донесов млада невеста" и "Тинке Катинке" на Ефто Пупиновски. Покрај нив има соработувано и со Гоце Николовски, Благица Павловска, Ѓоко Дончев, Маргица Антевска, Гоце Арнаудов, Виданка Ѓорѓиевска, Пепи Пафтировски, Ани Малинкова, Сузана Спасовска, Нацка Славкова и други... Тој е активен и како соло пејач, редовен учесник е на фестивалите "Тумба Фест", "Лешочки Фолк Фест", "Фолк Фест Валандово", "Гоце Фест", "Филиграни" и други. Во 1998 година заедно со Маргица Антевска настапуваат на "Тумба Фест" со нивниот хит "Цела ноќ, ти се к'лну Гино" со која освојуваат прва награда од публиката. Во 2008 година заедно со Ани Малинкова, настапуваат на "Фолк Фест Валандово" со песната "Децата се наше најсвето". Во 2012 година настапува на "Гоце Фест" со песната "Простете, неможе", каде освојува прво место од публиката. Настапува на "Цветници" во 2014 година со песната "Ех, да можам" каде освојува трето место од публиката. Со песната "Македонска е судбина" во 2014 година настапува на "Фолк Фест Валандово". Во 2015 настапува на "Лешочки Фолк Фест" со песнта "Заедно да остариме". Со Нацка Славкова во 2017 година настапуваат на "Гоце Фест" со песната "Македонијо земјо Рисјанска" во 2019 со песната "Биди вечна Македонијо" и во 2022 со "Името ни е во Библија". Во 2024 година, на фестивалот "Тумба Фест", му е доделена награда за животно дело.
Надворешни врски