Виданка Ѓорѓиевска — македонска пејачка на народни и новосоздадени фолклорни песни.
Животопис
Виданка Ѓорѓиевска е родена на 14 февруари 1948 година во населбата Горно Лисиче, Скопје. Професионално се занимава со музика од 1966 година.[1]
18 пати била во Америка одржала концерти, 14 пати била во Австралија и многу концерти во Европските земји. Има издадено 13 албуми, како и 3 видеоалбуми.
Виданка го поседува еден од најубавите и најтоплите гласови што се појавиле во македонската музика.
Нејзини најпознати песни се: Многу мерак имам бабо, Јоване море Јоване и Кирјана вино продава. Таа е чест учесник на фестивалот "Гоце Фест" каде има некомку големи хитови на тој фестивал: "Одново ВМРО се роди", "Егејска", "Асном-1944" и други.
Популарна е со изведувањето како на македонски авторски песни, така и на македонски стари народни песни.
Творештво
Виданка Ѓорѓиевска напишала следниве новосоздадени фолклорни песни:
Дискографија
- Vidanka Gjorgjievska, Sakam da si moj, RTB, EP 12 708.
Наводи
- ↑ Makedonska bibliografija: Statii i prilozi (4. изд.). Narodna i univerzitetska biblioteka "Sv. Kliment Ohridski" Skopje. 1998.
- ↑ Vidanka Gjorgjievska, Sakam da si moj, RTB, EP 12 708.
Надворешни врски