Во математиката, производ е резултат од операцијата множење.[1] Редоследот на множење на реалните и комплексните броеви не влијае врз производот. Ова својство се нарекува комутативност. Кога множиме матрици и членови на разни други асоцијативни алгебри, производот обично зависи од редоследот на множениците, т.е. местата не им се заменливи и затоа за нив не важи комутативниот закон.
Производниот оператор при множењето на низа се означува со големата грчка буква пи ∏ (аналогно на големата сигма ∑ како симбол за збир).
Знакот пред производот (плус или минус) зависи од знакот на множителот и множеникот. Кога двата броја имаат ист знак (+ или -), производот секогаш е позитивен, но кога имаат различни знаци, производот секогаш е негативен.