Проблеми на современата шаховска теорија е шаховска книга, дело на советскиот шаховски велемајстор Владимир Алаторцев. Книгата е напишана во 1960 година и во неа врз основа на анализа и коментар на шаховски партии се разгледуваат шаховски позиции кои со своите проблеми наоѓаат место во современата шаховска теорија. Книгата е напишана на руски јазик.
Корисната шаховска книга „Проблеми на современата шаховска теорија“ содржи анализа на различни партии и позиции кои во себе кријат шаховски загатки кои бараат соодветно решение. Сето тоа се заснова на заемното дејствување на фигурите и пешаците. За описот на содржината на делото најдобро говори самиот автор, кој запишал:
Книгата „Проблеми на современата шаховска теорија“ претставува типичен дел од творештвото на еден велемајстор посветен на шаховското творештво. За стилот може слободно да се каже дека е задоволителен, а партиите и позициите се претставени на соодветни дијаграми по неколку потези и со соодветна анализа, коментар и објаснување на високо ниво.