Приказната на слугинката

„Приказната на слугинката“ (англиски: The Handmaid's Tale) — роман на канадската писателка Маргарет Атвуд од 1985 година.

Содржина

Романот се состои од 46 глави, распоредени во 15 делови, и додаток со наслов „Историски белешки“.

  1. Ноќ: Во една поранешна спортска сала се сместени повеќе девојки (Алма, Џанин, Долорес, Мојра, Џун итн.), кои спијат во војнички кревети, а ги чуваат жени кои ги нарекуваат тетки — Тетка Сара и тетка Елизабет. Салата е затворена со жичена ограда и ја чуваат вооружени чувари од воениот одред „Ангели“.[1]
  2. Купување: Во Републиката Галад, во една голема куќа во старински стил живее една девојка, која пред пет недели е распоредена на должноста Слугинка на еден Заповедник и неговата сопруга Серена Џој, поранешна телевизиска проповедничка на библиски приказни за деца. Во куќата работат уште неколу работнички, наречени Марти. Девојката излегува да купи прехранбени производи, а патем мора да се движи заедно со уште една Слугинка (Гленовица) од друга куќа. Галад е тоталитарна земја во која владеат строги правила за однесувањето на луѓето. Така, Слугинките се облечени во црвена облека и носат бели капи кои им ги кријат лицата, а нивното движење низ градот е строго ограничено. Кога Слугинката влегува во продавницата, таму ја среќава својата познаничка од Црвениот Центар, Џанин, која е горда на својата бременост. На улицата, Слугинката среќава група туристи, кои со интерес ја набљудуваат, а таа се присетува на својот поранешен живот, кога била слободна. Потоа, двете Слугинки одат кај Ѕидот, каде што се обесени неколку поранешни лекари кои ги прогонува власта.[2]
  3. Ноќ: Слугинката се присетува на една случка од детството, кога со мајка ѝ шетала крај езерцето во паркот, а таму група луѓе палеле „непристојни“ списанија.[3]
  4. Чекалницата: По враќањето во куќата на Заповедникот, Слугинката се сеќава на своето минато: средбите во хотелските соби со нејзиниот иден сопруг Лук, другарката Мојра од студентскиот дом, случката со обидот за грабнување на нејзината ќеркичка во една продавница итн. Кога оди на редовниот лекарски преглед, лекарот ѝ нуди да ја оплоди, но таа го одбива плашејќи се од можните несакани последици.[4]
  5. Дремеж: Слугинката се присетува на доѓањето на Мојра во центарот за обука и на одземањето на ќерка ѝ.[5]
  6. Домаќинството: Слугинката, која ја викаат Фредовица, оди во собата за седење, каде заедно со работничките ги гледаат телевизиските вести во кои се известува за борбите против бунтовниците. Додека чека да пристигне Заповедникот, таа се присетува на оној септемвриски ден, кога таа, Лук и ќеркичката тргнале на божемен излет преку границата, а со намера да побегнат во странство. Потоа доаѓа Заповедникот и започнува редовната церемонија во која тој им чита на присутните извадоци од Библијата, а потоа, сите заедно се молат. За време на читањето, Слугинката се сеќава на тајните средби со Мојра кои се одвивале во тоалетот на центарот за обука, како и на неуспешниот обид на Мојра да побегне, преправајќи се дека е болна. Подоцна, Заповедникот има полов однос со Слугинката во присуство на неговата сопруга при што сето тоа спаѓа во нивната должност така што никој од учесниците нема никакво задоволство. Кога се враќа во својата соба, таа се мачка со путер, зашто е забранета козметиката, а ноќта, таа оди во собата за седење со намера да украде некој ситен предмет. Тогаш, во собата влегува чуварот Ник со порака дека Заповедникот сака утредента да се сретне со неа во канцеларијата.[6]
  7. Ноќ: Слугинката го замислува својот поранешен сопруг Лук во три различни верзии: во првата, тој е убиен при обидот за бегство, во втората е фатен и затворен, додека во третата успева да побегне преку границата и да му се приклучи на движењето на отпорот, а тоа ѝ дава сила да истрае со надеж дека повторно ќе се види со него.[7]
  8. Денот на раѓањето: Во домот на Заповедникот доаѓа автомобил кој ја зема Слугинката и ја носи во домот на друг Заповедник каде треба да се породи нејзината познаничка од центарот за обука, Слугинката Џанин, наречена Вореновица. Бидејќи во Републиката Галад, раѓањето на секое бебе претставува голем настан (поради малиот наталитет), таму се собрани повеќе жени, вклучувајќи ги и сопругите на други Заповедници, со цел да го прослават настанот. Породувањето е успешно и Џанин раѓа женско бебе кое веднаш ѝ го даваат на сопругата на Заповедникот. Додека трае веселбата, Слугинката мисли на Мојра која успеала да побегне од центарот за обука. Вечерта, по враќањето назад, Слугинката влегува во канцеларијата на Заповедникот, кој бара од неа да играат една забранета игра, а на разделбата бара да го бакне.[8]
  9. Ноќ: Ноќта, додека е сама во својата соба, Слугинката размислува како да го искористи настанот со Заповедникот во своја полза. Притоа, неа ја зафаќа силен напад на смеење кое едвај успева да го совлада.[9]
  10. Свитоци за душата: Слугинката и Заповедникот се среќаваат два-три пати неделно. Притоа, за време на втората средба, тој ѝ поклонува стар број на списанието „Вог“ (кое е забрането, но тој сочувал еден примерок), а при следната средба ѝ поклонува лосион за кожа. Еден летен ден, за време на прошетката со Гленовица, Слугинката дознава дека таа е отпадничка и дека постојат повеќе такви слугинки. Слугинката се присетува на деновите на воспоставувањето на диктатурата: набргу по убиството на претседателот и на членовите на Конгресот бил суспендиран уставот, а потоа била воведена цензура, биле укинати книжните пари и постепено се ограничиле човековите права и слободи; во тоа време, таа веќе била во брак со Лук, работела во библиотека, а нивната ќерка имала 3-4 години; еден ден, неочекувано, сите жени биле отпуштени од работа и им било забрането да имаат банкарски сметки. При една средба со Заповедникот, Слугинката дознава дека претходната Слугинка, исто така, имала блиски односи со него, но се обесила откако била откриена од неговата сопруга.[10]
  11. Ноќ: Ноќта, додека седи крај прозорецот, Слугинката го забележува чуварот Ник во дворот при што двајцата се гледаат некое време. Тогаш, таа се присетува на денот на денот кога таа, Лук и ќерката тргнале на пат преку границата, а пред да заминат, Лук ја убил домашната мачка. Меѓутоа, нивниот обид завршил неуспешно, зашто власта веќе знаела за нивната намера да побегнат од земјата.[11]
  12. Езавел: Серена ја наговара Слугинката да се обиде да зачне бебе со Ник, ветувајќи дека за возврат ќе ѝ набави фотографија од нејзината ќерка. Еден ден, Слугинката присуствува на групната молитва на која истовремено се одржува и групна венчавка на офицерски ќерки со војници. На молитвата присуствува и Џанин за која Слугинката дознава дека родила бебе со недостатоци кое го зачнала со некој лекар. Исто така, дознава дека Гленовица и другите слугинки знаат за нејзините тајни средби со Заповедникот. Тогаш, таа се сеќава на доаѓањето на граничната контрола, кога додека траела проверката на лажните пасоши, тие бегаат во полето и во шумата, каде наскоро бил убиен Лук. За брзо време, Серена ѝ ја носи фотографијата на ќерката која Слугинката ја гледа првпат по многу години. За време на една средба, Заповедникот ѝ подарува долна облека и фустан (кои се забранети), а потоа тајно ја носи во една зграда (хотелот во кој своевремено се среќавале таа и Лук) во која Заповедниците се забавуваат со проститутки. Таму ја среќава Мојра која за време на кратката средба во тоалетот ѝ ја раскажува својата историја: откако побегнала од центарот за обука, неколку месеци се криела во куќите на припадниците на подземјето, но била уапсена за време на обидот да побегне преку границата; по мачењето, таа била принудена да избира меѓу префрлање во смртоносните Колонии или работа како проститутка. Тоа е последната средба меѓу Слугинката и Мојра. Заповедникот ја носи Слугинката во една од хотелските соби со намера да водат љубов.[12]
  13. Ноќ: Една ноќ, во собата на Слугинката доаѓа Серена и ја пушта да излезе надвор, а Слугинката оди во собата на Ник и со него води љубов.[13]
  14. Спасение: Слугинката редовно го посетува Ник при што ужива додека води љубов со него. Во тој период, таа станува рамнодушна кон пријателката Гленовица и ги одбива нејзините барања за соработка со движењето на отпорот. Еден ден, Слугинката учествува на групната церемонија наречена Спасение, наменета само за жени. На церемонијата, јавно се обесени две слугинки и една сопруга, а потоа на слугинките им дозволуваат да убијат еден човек обвинет за силување. Тогаш, напред се пробива Гленовица, која го онесвестува човекот за да не се мачи, бидејќи во него препознава еден политички затвореник. Подоцна, кога Слугинката оди на пазарење, наместо Гленовица ја придружува друга слугинка, која ѝ соопштува дека Гленовица се обесила откако го забележала доаѓањето на тајната полиција. Кога Слугинката се враќа дома, Серена ѝ кажува дека знае за нејзините средби со Заповедникот и за нивната посета на офицерскиот клуб.[14]
  15. Ноќ: Додека Слугинката размислува што да направи, во дворот на куќата пристига автомобил на тајната служба (наречени „Очи“) и двајца Очи, предводени од Ник, ја земаат со себе. Притоа, Ник ѝ шепнува дека не треба да се плаши и дека Очите, всушност, се припадници на движењето на отпорот „Мајски ден“ кои дошле да ја спасат.[15]
  • Историски белешки: На 12. симпозиум за историјата на Галад, во рамките на конгресот на Меѓународното здружение на историчарите, одржан на 25.6.2195 година, професорот Пјеишото од Универзитетот во Кембриџ говори за 30 касети, скриени во метална кутија која била откриена во еден град на поранешната сојузна држава Мејн, а кои се познати како „Приказната на Слугинката“. Од транскрипцијата на снимките и од архивските истражувања може да се утврди дека авторката на снимките била една од првите жени кои новиот режим на Галад, ги регрутирал за размножување во ерата на многу низок наталитет, меѓутоа историчарите не успеале да го откријат нејзиното вистински име. За таа цел, истражувањата ги насочиле кон ликот на Заповедникот кој веројатно го претставува еден од двајата високи претставници на Галад со името Фред. Што се однесува до ликот на Ник, историчарите претпоставуваат дека тој бил припадник на движењето на отпорот „Мајки ден“ кој бил уфрлен во тајната полиција. Според нивните претпоставки, Ник ја спасил Слугинката со намера да ја прикрие својата положба, но нејзината натамошна судбина не е позната, ондосно не се знае дали таа успеала да побегне во странство или повторно била фатена.[16]

За делото

„Приказната на слугинката“ е едно од најпознатите дела на Атвуд со кое ги освоила наградата „Артур Кларк“ и наградата на Генералниот гувернер, а кое влегло во најтесниот избор за Букеровата награда.[17] Според писателката Анџела Картер, романот е „извонредно четиво и длабоко промислена морална приказна“; Питер Кемп во весникот „Индепендент“ напишал: „Од повеста осенчена со ужас, светкаат остри увиди, брилијантни силни слики и саркастична интелигенција.“; слични оцени дала и Линда Тејлор во весникот „Сандеј тајмс“, пишувајќи: „Сликите на блескавата празнина се еден од највпечатливите аспекти на овој роман за тоталитаристичкото слепило... ефектот е морничав.“; додека Конор Круз О’Браен го опишал делото со следниве зборови: „Трогателно, живописно и застрашувачко. Само се надевам дека не е пророштво.“[18]

Врз основа на романот, во 1990 бил снимен истоимениот филм во режија на Фолкер Шлендорф (Volker Schlöndorff) по сценариото на Харолд Пинтер.[19] Покрај тоа, во 2017 година започнала да се прикажува и истоимената телевизиска серија.[20]

Наводи

  1. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 9-12.
  2. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 13-46.
  3. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 47-52.
  4. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 53-78.
  5. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 79-88.
  6. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 89-112.
  7. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 113-118.
  8. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 119-154.
  9. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 155-161.
  10. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 163-205.
  11. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 207-213.
  12. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 215-277.
  13. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 279-285.
  14. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 287-311.
  15. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 313-319.
  16. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 321-337.
  17. „O autorki“, во: Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 339.
  18. Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006.
  19. HRT, Sluškinjina priča, američko-njemački film (пристапено на 15.4.2021)
  20. IMDb, The Handmaid's Tale (пристапено на 16.1.2024)

Read other articles:

Esercito della SalvezzaBandiera dell'Esercito della SalvezzaClassificazionecristiana Orientamentometodista, movimento di Santità FondatoreWilliam BoothCatherine Mumford Fondata1865Londra AssociazioneOrdine della Stella d'Argento, Unione Femminile, Azione Mano Aperta, Associazione Salutista Italiana Personale Ospedaliero Diffusionemondiale Sede101 Newington Causeway, London, SE1 6BN Forma di governoteocratico Struttura organizzativamilitare Fedeli18.500 Congregazioni15.409 Membri1.150.666[...

 

Professional ice hockey exhibition game 40th NHL All-Star Game 123 Total Wales 212 5 Campbell 234 9 DateFebruary 7, 1989ArenaNorthlands ColiseumCityEdmontonMVPWayne Gretzky (Los Angeles)Attendance17,503 ← 1988 1990 → The 40th National Hockey League All-Star Game was held at Northlands Coliseum in Edmonton, home to the Edmonton Oilers, on February 7, 1989. The return of Wayne Gretzky The previous year saw the then-unthinkable trade of Wayne Gretzky to the Los Angeles King...

 

American toxicologist Harold Hodge, Toxicologist Harold Carpenter Hodge (1904–1990) was a well-known toxicologist who published close to 300 papers and five books. He was the first president of the Society of Toxicology in 1960. He received a BS from Illinois Wesleyan University and a PhD in 1930 from the State University of Iowa, publishing his first paper in 1927. He received a number of honors and awards during his career.[1] In 1931 he went to the School of Medicine and Dentistr...

Les États généraux de 1302-1303 se tinrent le 10 avril 1302 à la cathédrale Notre-Dame de Paris et au château du Louvre le 13 ou 23 juin 1303. Il s'agit de la première réunion des états généraux du royaume de France, convoqués à la demande de Philippe IV le Bel pour asseoir sa légitimité en tant que Roi de France à lever des impôts sur le clergé français face au pape Boniface VIII qui voulait, lui, que le clergé n'ait de comptes à rendre qu'à Rome. Cet événement peut-...

 

2018 film by Shane Black This article is about the 2018 film. For the 1987 film, see Predator (film). The PredatorTheatrical release posterDirected byShane BlackWritten by Fred Dekker Shane Black Based onCharactersby Jim Thomas    John ThomasProduced byJohn DavisStarring Boyd Holbrook Trevante Rhodes Jacob Tremblay Keegan-Michael Key Olivia Munn Thomas Jane Alfie Allen Sterling K. Brown CinematographyLarry FongEdited by Harry B. Miller III Billy Weber Music byHenry Jackman...

 

American live television aftershow After the ThronesGenreAftershowPresented byAndy GreenwaldChris RyanComposerRamin DjawadiCountry of originUnited StatesOriginal languageEnglishNo. of seasons1No. of episodes10ProductionExecutive producersBill SimmonsEric WeinbergerProducersChris RyanAndy GreenwaldRunning time30–35 minutesProduction companies The Ringer HBO Original releaseNetworkHBOReleaseApril 25 (2016-04-25) –June 28, 2016 (2016-06-28)RelatedGame of Thrones After the Thro...

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Basan legendary bird – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2011) (Learn how and when to remove this template message) The basan as depicted in Takehara Shunsen's Ehon Hyaku Monogatari. The Basan (波山), alternatively referred to as Basa...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) تضم مدينة طرابلس اللبنانية العديد من المساجد العريقة، معظمها ذات طراز مملوكي، وتأتي ثانية بعد القاهرة ب...

 

George SutherlandHakim Mahkamah Agung Amerika SerikatMasa jabatan2 Oktober 1922 – 17 Januari 1938 Informasi pribadiKebangsaanAmerika SerikatProfesiHakimSunting kotak info • L • B George Sutherland adalah hakim Mahkamah Agung Amerika Serikat. Ia mulai menjabat sebagai hakim pada mahkamah tersebut pada tanggal 2 Oktober 1922. Masa baktinya sebagai hakim berakhir pada tanggal 17 Januari 1938.[1] Referensi ^ Justices 1789 to Present. Washington, D.C.: Mahkamah Agu...

  لمعانٍ أخرى، طالع المعزب (توضيح). قرية المعزب  - قرية -  تقسيم إداري البلد  اليمن المحافظة محافظة المحويت المديرية مديرية ملحان العزلة عزلة الروضة السكان التعداد السكاني 2004 السكان 214   • الذكور 107   • الإناث 107   • عدد الأسر 20   • عدد المساكن 20 معلو...

 

Theme of LEGO toy bricks, 1989–2015 This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Lego Pirates – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2019) (Learn how and when to remove this template message) Lego PiratesThe logo that was used for the 2009–2010 waveSub‑themesPiratesImperial Sold...

 

American reality TV series For the 1980s Japanese TV series known as Endurance in English, see Za Gaman. EnduranceLogo for Endurance: HawaiiCreated byJ. D. RothTodd A. NelsonPresented byJ. D. RothCountry of originUnited StatesOriginal languageEnglishNo. of seasons6No. of episodes86 + 19 specials (list of episodes)ProductionRunning time24 minutesProduction companies3Ball Productions90266 Productions Inc.Original releaseNetworkDiscovery KidsReleaseOctober 5, 2002 (2002-10-05) –June ...

Animals present in the State of Oregon The fauna of the State of Oregon includes a wide array of species. The Common Nighthawk is one of more than 50 species of birds seen in the John Day Fossil Beds National Monument. The western meadowlark is Oregon's state bird. The North American beaver is Oregon's state mammal. One way of presenting the fauna of Oregon is by classification by lifezone. Oregon is a vastly diverse state in terms of topography and climate. Five of the seven recognized lifez...

 

Cassandra LeeLahirCassandra Sheryl Lee15 Maret 2001 (umur 22)New York, Amerika SerikatNama lainGemma Galgani Cassandra Sheryl LeePekerjaanPemeranmodelpenyanyiTahun aktif2011—sekarangKaryaDaftar filmografi Gemma Galgani Cassandra Sheryl Lee[1] (lahir 15 Maret 2001) adalah pemeran, model, dan penyanyi Indonesia.[2] Karier Cassandra mengawali kariernya di dunia hiburan sebagai anggota termuda dalam grup idola Elovii pada 2011. Kemudian, Cassandra terjun ke dunia ...

 

Performance data for landing an aircraft The performance data for landing an aircraft can be obtained from the aircraft's flight manual or pilot's operating handbook. It will state the distance required to bring the aircraft to a stop under ideal conditions, assuming the aircraft crosses the runway threshold at a height of 50 ft, at the correct speed. The actual landing performance of an aircraft is affected by many variables which must be taken into account. Factors affecting landing pe...

Smadar Lavie Smadar Lavie is a Mizrahi U.S.-Israeli anthropologist, author, and activist. She specializes in the anthropology of Egypt, Israel and Palestine, emphasizing issues of race, gender and religion. Lavie is a professor emerita of anthropology at the University of California, Davis,[1] and a visiting scholar at the Department of Ethnic Studies, University of California, Berkeley.[2] Lavie received her doctorate in anthropology from the University of California at Berke...

 

  لمعانٍ أخرى، طالع انعكاسية (توضيح). مقارنة بين انعكاسية مرايا مصنوعة من ذهب وفضة ومعدن وألمونيوم. 100٪ تعني ارتداداً كاملاً ويُلاحظ أيضاً اختلاف الانعكاسية باختلاف التردد. الانعكاسية هي مقياس يستعمل في مجال القياس الضوئي وانتقال الحرارة لمعرفة نسبة الأشعة المرتدة من...

 

Mazor Robotics Ltd.IndustryMedical technologyFounded2001 (2001)FounderMoshe Shoham, Eli ZehaviDefunct2018 (2018)FateAcquired by MedtronicHeadquartersCaesarea, IsraelKey peopleOri Hadomi, CEO Mazor Robotics (Hebrew: מזור רובוטיקה, Mazor Robotika) was an Israeli medical device company and manufacturer of a robotic guidance system for spine surgery that was acquired by Medtronic in December 2018. Surgeons that utilized Mazor Robotics Renaissance generally specialize in orth...

New York City Subway service New York City Subway serviceSixth Avenue ExpressConey Island-bound D train of R68s leaves 18th Avenue.Northern endNorwood–205th StreetSouthern endConey Island–Stillwell AvenueStations3630 (rush hour service)41 (late night service)Rolling stock232 R68s (29 trains, a.m. rush), 224 R68s (28 trains, p.m. rush)[1][2](Rolling stock assignments subject to change)DepotConcourse YardStarted serviceDecember 15, 1940; ...

 

@009 film by Andrew Bujalski BeeswaxPromotional film posterDirected byAndrew BujalskiWritten byAndrew BujalskiProduced byDia SokolEthan VogtStarringTilly HatcherMaggie HatcherAlex KarpovskyCinematographyMatthias GrunskyEdited byAndrew BujalskiDistributed byThe Cinema GuildRelease date August 7, 2009 (2009-08-07) Running time100 minutesCountryUnited StatesLanguageEnglishBox office$46,590 Beeswax is a 2009 American mumblecore film written and directed by Andrew Bujalski. The film...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!