Мејн (англиски: Maine) е сојузна држава во Соединетите Американски Држави и е една од 50 држави во САД. Се наоѓа во североисточниот дел и излегува на Атлантскиот Океан. Главен град е Огаста, а најголем град е Портланд. Според површината е на 39 место во САД. Површината изнесува 86 542 км2. Долга е 515 км, а широка е 338 км. Мејн има 1 274 923 жители. Густината на населението изнесува околу 16 жители/ km2. На 15 март 1820 година Мејн влезе во сојузот на САД.
Белешки
Координати: 45.5° СГШ 69° ЗГД