Претседателот на Европскиот Совет — главен претставник на Европската Унија на светско ниво, и лицето кое претседава и ја насочува целата работа на Европскиот Совет. Оваа институција се состои од колегиум на шефовите на државите и владите на земјите-членки на ЕУ, како и Претседателот на Европската Комисија и обезбедува политички правец на Европската Унија. Сегашен Претседател Херман Ван Ромпај.
Од 1975 година до 2009 година, шефот на Европскиот Совет претставуваше неофицијална позиција (често именуван како Претседател на Канцеларијата) на чело со шефот на државата или владата на земјата-членка кој го одржува полугодишното ротирачко претседателство на Советот на Европската Унија во кое било дадено време. Меѓутоа, од Договорот од Лисабон, член 15 од Договорот од Европската Унија тврди дека Европскиот Совет го назначува неговиот Претседател за две ипол-годишен мандат, со можност за едно обновување. Назначувањето, како и отстранувањето на функционери, бараат двојно поддржано мнозинство од Советот.
На 19 ноември2009 година, Европскиот Совет се согласи негов прв Претседател во рамките на Договорот од Лисабон да биде Херман Ван Ромпај (Европска Народна Партија, Белгија). Ван Ромпај ја презеде функцијата кога Договорот од Лисабон стапи на сила на 1 декември 2009 со мандат до 31 мај 2012.[1]
Историја
Првиот Европски Совет е одржан во 1961 година како неформален самит, а се формализира во 1974 година. Претседателскиот систем се заснова врз Преседателството на Советот на Европската Унија, предводен од земјата-членка што го држи Претседателството. Европскиот Совет се состои од државни водачи, а истиот беше одржан од шефот на државата или владата на претседателската држава. Оваа претседателска функција беше грубо дефинирана и се менуваше на секои 6 месеци, заедно со Претседателството на Советот.
Постојана функција
Европскиот Устав, изготвен од Европската Конвенција, го сумира “Претседателот на Европскиот Совет” кој ќе ја замени улогата на Претседателството на Советот во Европскиот Совет. Уставор беше одбиен од гласачите за време на ратификацијата, но промените во Европскиот Совет, вклучувајќи ја и Претседателската позиција, беа задржани во Договорот од Лисабон кој стапи на сила на 1 декември 2009.
Од првиот Претседател се очекува да го постави “планот на работа” за идните носители на функцијата бидејќи сè уште не е јасна задачата на функционерот и нејзиниот развиток. Првата замисла беше дека Претседателот ќе се држи до административната улога како што беше кажано во договорот, стандарден функционер кој ќе претседава состаноци и ќе обезбедува непречено функционирање на самиот орган и неговите политики. Ова би привлекло полупензионирани водачи во потрага по соодветна кулминација на нивната кариера кои би ја препуштиле поголемиот дел работа на државната администрација наместо да работат во рамките на институциите. Сепак, една друга замисла предвидува повеќе активен Претседател, во Унијата и надвор од неа. Ваквата функција веднаш би се формулирала во de facto Претседател на Европа, и за разлика од првиот модел, би бил претставник на светската сцена, како и во ЕУ. Личностите на оваа позиција би биле похаризматични водачи.[2] Назначувањето на Херман Ван Ромпај (види подолу) ја покажа желбата за поранешен стил на Претседател.
Договорот од Лисабон не дефинира процес на номинирање за Претседател на Советот и неколку официјални и неофицијални кандидати беа предложени. На завршниот состанок на Европскиот Совет на Договорот од Лисабон, на 19 ноември 2007 година, францускиот Претседател Никола Саркози започна со јавни шпекулации за кандидатите именувајќи ги Тони Блер, Фелипе Гонсалес и Жан-Клод Жанкер, и фалејќи ги како тројца достојни кандидати посебно Блер со најдолго канидирање за функцијата. Меѓутоа, тој се соочи со голема конкуренција бидејќи е од голема земја надвор од еврозоната и Шенген зоната, како и водач кој завлезе во војната во Ирак што ја подели Европа. Послабата конкуренција од другите водачи како на пример Жанкер исто така доведе до неговата загуба.
Сегашен претседател
На 19 ноември 2009 година, Херман Ван Ромпај, во тоа време премиер на Белгија, беше избран за прв Претседател на Европскиот Совет. Официјалната одлука за назначувањето беше донесена по стапувањето на сила на Договорот од Лисабон, на 1 декември 2009 година. Британскиот Премиер Гордон Браун, изјави дека тој имал едногласна поддршка од 27-те ЕУ водачи на самитот во Брисел вечерта на 19 ноември 2009 година. Г-дин Браун исто така го пофали г-дин Ван Ромпај како “градител на консензус” кој донел период на политичка стабилност во неговата држава по месеци на неизвесност. Г-дин Ван Ромпај има статус на коалициски водич, со оглед на неговите успеси со јазично поделената белгиска влада, избавувајќи ја од криза. На прес-конференција по неговото назначување, Ван Ромпај коментираше: “Секоја земја треба да излезе победнички од преговори.
Преговорите кои завршуваат со една поразена страна никогаш не се добри преговори. Ќе ги земам предвид интересите и деликатностите на сите. Дури иако нашата заедница остане наша сила, нашата разноликост е наше богатство.” – изјави тој, истакнувајќи ја индивидуалноста на земјите-членки на ЕУ. Првиот состанок на Ван Ромпај во Советот беше неформален собир во “Савој” библиотеката во Леополд Паркот, наместо вообичаениот собир во Justus Lipsius зградата во непосредна близина. На средбата се дискутираше за грчката економска криза каде тој предложи план за реконструкција во седум точки. Ова веднаш премина во сферата на економска политика на Претседателот на Комисијата, иако Ван Ромпај ја дефинираше улогата на Комисијата како содржина на економските планови и Европскиот Совет како водич, одговорен за успех и работа со средства. Со ова, тој ја охрабрува колективната одговорност кај водачите на Европскиот Совет, како и секоја друга институција.
Ван Ромпај исто така веднаш предложи Европскиот Совет да се состанува еднаш месечно што ќе го претвори во еден вид кабинет на владата, кое ќе помогне во справувањето со грчката економска криза и надворешните работи. Меѓутоа, ова може да резултира со неможност да присуствуваат некои водачи, најверојатно оние надвор од еврозоната. Сепак, тој не ги подобри односите со Парламентот. Ван Ромпај јасно кажа дека не е одговорен пред пратениците и нема да одговори на парламентарни прашања од нив.
Должности и овластувања
Пред 2009
Улогата на Претседател на Европскиот Совет ја имаше шефот на државата или владата на земјата-членка која во моментот го држи Претседателството на Советот на Европската Унија. Претседателството се менуваше секои шест месеци, што значи дека имаше нов Претседател на Европскиот Совет двапати годишно. Ова претседателство го поставуваше дневниот ред на состаноците, надлежност, која беше злоупотребувана во корист на државни интереси. На претседателската држава и беа дозволени дополнителни преговарачи.
Улогата на Претседател на Советот беше само primus inter pares улога меѓу останатите Европски водачи на држави или влади. Со тоа што беше главно одговорна за подготвување и претседавање на состаноците на Европскиот Совет, оваа функција немаше извршна власт и во ниедна смисла не беше еднаква на онаа на шеф на држава. Сепак, Претседателот го претставуваше Европскиот Совет надвор од него и одговараше пред Европскиот Парламент по неговите состаноци, како и на почетокот и крајот на целото претседателство.[3][4]
По 2009
Претседателската улога е административна во голема мера, управувајќи со работата на Европскиот Совет, организирајќи и претседавајќи на состаноците и известувајќи го Европскиот Парламент по секој состанок; Претседателот исто така би “како што доликува на неговото ниво и функција” обезбедил надворешно претставување на Унијата за предмети кои се однесуваат на заедничката надворешна и безбедносна политика, без предрасуди за моќта на Високиот Претставник на Унијата за Надворешни Работи и Безбедност.[5]
Некои совпаѓања во улогите на Претседател на Европскиот Совет, Претседателот на Комисијата и Високиот Претставник – особено во надворешната политика – оставаат неизвесност за тоа колку влијание ќе стекне Претседателот на Европскиот Совет. Уште постои загриженост околу тоа дали Претседателот ќе има доволно персонал и ресурси за да ги исполни ефикасно обврските на работното место и, во недостиг на некое министерство, би можел да стане “топка за додавање” помеѓу водачите на ЕУ.[6]
Со реорганизацијата на ЕУ водечките позиции со Договорот од Лисабон, беа критикувани нивните нејасни одговорности. Украинскиот амбасадор во ЕУ Андриј Веселовски ја пофали целата конструкција и го изнесе својот став: Претседателот на Европската Комисија зборува како “влада на ЕУ” додека новиот Претседател на Европскиот Совет е “стратег”. Високиот претставник се усовршува во “билатералните односи”, додека Европскиот Комесар за Проширување и Европска Соседска Политика се занимава со технички прашања, како што е Договорот за слободна трговија со Украина. Претседателот на Европскиот Парламент во меѓувреме ги искажува вредностите на ЕУ.[7]
Претседателот на Европскиот Совет исто така го прошири неговото влијание во финансиската политика, најзначајната област за ротирачкото претседателство на Советот, кое се соочи со поголемо намалување на власта од претходно планираното.[8] На голем дел од предвидените промени со Договорот од Лисабон им е потребно зацврстување преку практична примена од сегашните функционери. Шпанското Претседателство безуспешно се обиде да го преземе видното Претседателско место во Советот за време на првото претседателство од 2010 година,[9] додека втората половина од годината гледаме Белгиско претседателство со слаба влада чии изгледи се мали за да го предизвика Херман Ван Ромпај, исто така белгиски политичар. Белгиското ротирачко претседателство најави дека тоа ќе биде преземање на некое “задно седиште”[10] во однос на Претседателот на Советот и Високото Претставништво, и на тој начин будејќи надеж за поопштествен носител на функцијата и во Советот и надворешната политика.
Привилегии на функцијата
Официјални преговори за платата и привилегиите на постојаното претседателство почнаа во април 2008 година како дел од проектот на ЕУ буџетот за 2009 година. Резултатот беше дека Претседателот треба да ги има истите услови како и Претседателот на Комисијата, со основна плата од 138% од нјависокото ниво на државни службеници: тоа би изнесувало €24,874.62 месечно (не вклучувајќи ги семејните и другите надоместоци).[11][12][13]
Претседателот добива автомобил со шофер и околу 20 посветени работници. Toj добива и куќен додаток, наместо официјалната резиденција која се смета за “премногу симболична”. Исто така, идејата за приватен авион беше одбиена поради симболичност и, како што истакна еден дипломат, разликата меѓу претседателите на Европскиот Совет и Комисијата може само да отпочне соперништво помеѓу нив двајца.[14]
Можноста за постоење на поголеми бенефиции за Претседателот на Европскиот Совет во однос на Претседателот на Комисијата го поттикна Парламентот да се закани со отфрлање на буџетот за 2009 година. Пресретна високи плати и додатоци како симболичен знак дека позицијата планира поголема моќ, зголемувајќи го меѓувладиното управување на сметка на Парламентот. Некои членови на Советот предложија до 60 вработени, Комитетот за Уставни Прашања најави дека тоа може да не се усогласи со договорот дека Парламентот и Советот нема да се мешаат во буџетот на другиот.[15]
Демократски мандат
Недостигот на одговорност на пратениците или државните парламентарци исто така појави сомнеж за тоа дали државните водачи всушност ќе го поделат мислењето на Претседателот при значајни прашања.[6] Со системот на смени, претседателите едноставно имаа мандат за нивните земји-членки, додека новиот постојан Претседател е избран од членовите на Европскиот Совет.
Имаше неколку обиди од страна на поранешниот германски министер за вантрешни работи и сегашниот министер за финансии Волфганг Шобл,[16] за директни избори за да му се даде на Претседателот мандат, што ќе ја зајакне позицијата во Европскиот Совет овозможувајќи посилно раководство за решавање на прашањето за демократско право во ЕУ. Меѓутоа, ова може да предизвика конфликт во демократскиот мандат во Парламентот или потенцијален мандат за Комисијата. Да се даде мандат на Претседателот на Европскиот Совет ќе значи развој на владеењето на Унијата кон претседателски, а не парламентарен систем.[17]
Врската со Комисијата
Имаше несогласување и загриженост околу конкуренцијата помеѓу Претседателот на Европскиот Совет Ван Ромпај и Претседателот на Комисијата Баросо поради нејасниот јазик на договорот. Некои објаснувања го претставуваат Ван Ромпај како “стратегот”, а Баросо како шеф на владата. Во однос на економско планирање Ван Ромпај ја гледа Комисијата занимавајќи се со содржината на плановите и Европскиот Совет занимавајќи се со средствата и применувајќи ги истите. Покрај заедничкиот неделен појадок, постои одреден степен на соперништво помеѓу двете дефинирани позиции, вклучувајќи го и Високиот Претставник.[7][18][19]
Иако Претседателот на Европскиот Совет можеби нема државна канцеларија, како Премиер на една земја-членка, не постои такво ограничување на европските канцеларии. На пример, Претседателот може да е пратеник, или уште поважно Претседател на Комисијата (кој е веќе во Европскиот Совет). Ова ќе му овозможи на Европскиот Совет истовремено да назначи една личност за улогите и надлежностите на Претседател на Европскиот Совет и Претседател на Комисијата, со што се создава една претседателска позиција за Унијата како целина.
Од создавањето на претседателството на Европскиот Совет, Претседателот Ван Ромпај и Претседателот на Комисијата Баросо почнаа да се натпреваруваат еден со друг откако Ван Ромпај извлече корист од општата промена на власта од Комисијата до Советот, но Баросо сè уште ја има вистинската моќ. На меѓународните самити немаше согласување околу тоа кој треба да ја претставува ЕУ, па одлучија и двајцата да одат во истовремено. Ваквата комплицирана ситуација ги обнови потребите за спојување на функциите, најверојатно на крајот од мандатот на Баросо во 2014 година или уште со завршувањето на мандатот на Ван Ромпај во 2012 година. Меѓутоа, од некои земји-членки се очекува да се спротивстават на создавањето на позиција со толку висок профил.[18][19]
Некои веруваат дека двојниот претседателски систем може да доведе до борба за превласт помеѓу двете позиции. Слично со францускиот модел, каде има Претседател (Претседател на Европскиот Совет) и Премиер (Претседател на Комисијата), Претседателот на Советот нема формални овластувања, како што е директното назначување и отпуштање на Претседателот на Комисијата, или распуштање на Парламентот. Така, додека Претседателот на Европскиот Совет можеби има престиж, тој/таа има недостиг на моќ и додека Претседателот на Комисијата има моќ, има недостиг на престиж.[20] Некои сметаат дека овој проблем допрва ќе се развива ако Претседателот на Советот ќе зајакне со демократски мандат, како што е споменато погоре.
↑Basic salary of grade 16, third step is €18,025.09. 138% of €18,025.09 = €24,874,62 „Table: officials, Article 66“(PDF). European Commission Civil Service. 1 јули 2009. Посетено на 27 јануари 2021.