Православието во Австрија — тоталитет на сите православни цркви во Австрија. Повеќето цркви припаѓаат на Вселенскиот собор на цркви во Австрија.
Во 2011 година, бројот на православните христијани во Австрија беше околу 352 илјади луѓе и тие претставувале околу 4.2 % од населението.
Во 1967 година, австрискиот парламент го усвои "Федералниот закон за православните" за утврдување на официјалниот статус на православните парохии на сите јурисдикции.[1]
Руска православна црква
Руската православна црква во Австрија е претставена од Виенската и Австриската епархија. Во 19 век во Виена била изградена величествената Катедрала на Св. Никола, која денес е позната по архитектурата.[2]
Цариградска патријаршија
Грчките трговци за првпат се појавиле во Австрија во 17 век. Првите богослужби беа спроведени со посети на свештеници.
Во 1776 година со посебен декрет на императорот на Грците им било дозволено слободно да ги извршуваат богослужбите според православните канони, иако оваа одредба не ги изедначила со римокатолиците.
Од 1991 година, епархијата е раководена од страна на митрополитот Михаил (Стајкос).
Во 1994 година Австриската архиепископија под јурисдикција на Цариградската патријаршија добила официјална државно признание.
Во однос на грчкото православие, од значење е и Катедралата на Светото Тројство во Виена како и Катедралата Св. Ѓорѓи. Исто така, во Австрија постојат пет грчки парохии.
Српска православна црква
Српската православна црква во Австрија има голем број на српски парохии. Во Виена се наоѓа Катедралата на Свети Сава (1893 година), првата српска црква во Австрија како и Црквата на Успението на Пресвета Богородица, Успенската црква (1974) и Црквата на Воскресението (2002).
Бугарска православна црква
Во 1967 година во Виена била изградена првата бугарска црква и таа била посветена на Свети Јован Рилски.
Поврзано
Извори
Наводи
Надворешни врски