Портрет на Клемансо - слика од Едуар Мане од францускиот државник Жорж Клемансо во 1872 година во Музејот на уметноста Кимбел во Форт Ворт, Тексас.
Најмладиот брат на Мане, Гистав бил општински советник во Париз и можеби со негово посредство Мане се сретнал со Клемансо. Алтернативно, двојката можеби се сретнала во домот на Пол Мерис или Емил Зола.
Портретот бил создаден на трибиналот кај Луксембуршката Градина, каде што седел градскиот совет; понекогаш носејќи го насловот „Портрет на Клемансо на трибуналот“. Помалку реално од подоцнежното истоимено дело, тој останал во студиото на уметникот подолг период.[1]