Полачки манастир — манастир во близина на кочанското село Полаки.
Местоположба
Манастирот се наоѓа на рид, на патот за маалото Борово Брдо, високо над вливот на Лиса во Борова Река, каде се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Спас.[1] До него води земјен пат, кој започнува од маалото Скорово.
Историја
Манастирот бил основан заедно со црквата во 1936 година.[1]
Градби во манастирот
Манастирот е составен од една црква, конак, трпезарија и помошни објекти.
Црква „Вознесение Христово“
Во 1936 година била подигната манастирската црква, која била обновена во 2001 година.
Конаци
Конаците во манастирот потекнуваат од сличен период кога била подигната самата црква. Најпрвин, во нив било сместено првото селско училиште.[1]
Слава
На денот на манастирската слава (Спасовден), како и на празниците Велигден и втор ден Божиќ, манастирот е посетуван од страна на мештаните.[1]
Галерија
-
Трпезаријата
-
Манастирскиот двор
-
Влезната порта
-
Помошен објект
-
Конаците
-
Трпезаријата
Наводи
Надворешни врски