Кабаљеро зел учество во битките кај Такуари и Парагвари. Битките биле со силите на Мануел Белграно. На 19 јануари 1811 година се случила Битката кај Парагвари, која била триумфна за Парагвај бидејќи парагвајските водачи покажале голема умешност. Белграно се повлекол кој југ. На 9 март 1811 година, на брегот на реката Такуари, додека Белграно чекал засилување од Буенос Аирес, започнала нова битка - Битката кај Такуати. Белграно побарал капитулација, која била овозможена од Парагвајската армија.
Ноќта на 14 мај, под команда на Педро Хуан Кабаљеро, патриотите од Асунсион отишле во квартот кај плоштадот каде се наоѓал поручникот Маурисио Хосе Троче. Овој кварт станал упориште на револуцијата, политичките затвореници биле ослободени, оружјето било подготвено, биле преземни безбедносни мерки и биле испратени гласници да ги донесат Фулхенсио Јегрос и Мануел Атанасио Кабањас.
Наводи
Diario La Nación: “Enciclopedia Histórica del Paraguay”
Nueva Historia del Paraguay, Editorial Hispana Paraguay S.R.L.
Chavez, Julio Cesar: “El Supremo Dictador”
Archivo Nacional de Asuncion, SC, Vol. 975, N.3, cited in: Editorial Tiempo de Historia: "Francia, Vol. II"[1]Архивирано на 8 август 2009 г. doc: 1143
Williams, John Hoyt: " 'Conspiracy of 1820', and the Destruction of Paraguayan Aristocracy"
Дополнителни информации
Williams, John H. (1979). The Rise and Fall of the Paraguayan Republic, 1800–1870. стр. 27–53.