Стадион Партизан — фудбалски и атлетски стадион кој се наоѓа во Белград, Србија. На овој стадион своите домашни натпревари ги игра ФК Партизан, како и Фудбалската репрезентација на Србија. Стадионот се наоѓа во населбата Аутокоманда во Општина Савски венац.
Стадионот во периодот од 1951 до 1989 година го носел името „Стадион на Југословенската народна армија“ или скратено „Стадион на ЈНА“, и бил во сопственост на тогашната Југословенска народна армија.
Историја
Од половината на педесеттите години на XX век, па до 1987 година на стадионот секој 25 мај се одржувала парада за Денот на младоста. Стадионот официјално бил отворен на 9 октомври 1949 година на натпреварот помеѓу Југославија и Франција. Стадионот на Партизан имал сместивост од 55.000 гледачи, сè додека УЕФА не ги усвоила новите правила за безбедност.
Стадионот бил реновиран во текот на 1998 година и моментално има 32.710 места за седење. Игралиштето има димензии од 105x70 m, трибините имаат 30 редови на седиштата и постојат 30 влеза за гледачите. Најголема точка на стадионот е на висина од 21 m, а најоддалечените места на гледалиштето се на растојание од 236 метри по должина (север-југ) и 150 метри по ширини (исток-запад). Навивачите на Партизан својот стадион го нарекуваат Фудбалски храм.
Галерија
-
Споменици на тркачки носачи во близината на Стадионот на Партизан
-
Навивачката група Гробари на јужната трибина
-
Изглед на северната трибина
-
Изглед на јужната трибина
-
Главен влез
-
Западна и источна трибина.
-
Храмот Св.Сава и стадионот на Партизан
Поврзано
Наводи
Надворешни врски