Парламентарни избори во Белгија (2010)
Белгиски парламентарни избори (2010)
2007 ←
13 јуни 2010 (2010-06-13 )
→ 2014
150 места во Претставничкиот дом 71 место во Сенатот 76 (Претставнички дом), односно 36 (Сенат) места за мнозинство
Прва партија
Втора партија
Трета партија
Водач
Барт Де Вевер
Елио Ди Рупо
Дидје Рејндерс
Партија
Нова фламанска алијанса
Социјалистичка партија
Реформистичко движење
Водач од
2004
1999
2004
Водачко место
Антверпен
Монс
Лиж
Последни избори
*
20 места, 10,86%
23 места, 11,41%
Претходни места
*
20
23
Освоени места
27 места
26
18
Промена во местата
▲ *
▲ 6
▼ 5
Добиени гласови
1.135.617
894.543
605.617
Удел
17,4%
13,70%
9,28%
Придобиени
▲ *
▲ 2,85
▼ 2,85
Четврта партија
Петта партија
Шеста партија
Водач
Маријан Тејсен
Каролин Женез
Александар Де Кро
Партија
Демохристијанска флеманска партија
Фламанска социјалистичка партија
Партија на отворени фламански либерал-демократи
Водач од
2008
2007
2009
Водачко место
Ауд Хеверле
Мехелен
Бракел
Последни избори
30 места, 18,51% (во коалиција)
14 места, 10,26%
18 места, 11,83%
Претходни места
30*
14
18
Освоени места
17
13
13
Промена во местата
▼ 13
▼ 1
▼ 5
Добиени гласови
707,986
602.867
563.873
Удел
10,85%
9,24%
8,64%
Придобиени
▼ 7,66*
▼ 1.02
▼ 3.19
Боите ја означуваат партијата која добила мнозинство по избирачки кантон
Белгиски парламентарни избори (2010) — предвремени парламентарни избори во Белгија одржани на 13 јуни 2010.[ 1] По падот на владата на Летерм поради повлекувањето на либерал-демократите , кралот го распуштил парламентот и свикал нови предвремени избори. Новата фламанска алијанса предводена од Барт Де Вебеер издвоила победа на овие избори освојувајќи 27 места, едно повеќе од франкофонската Социјалистичка партија предводена од Елио Ди Рупо која била најголема партија во регионите Валонија и Брисел.[ 2]
Заднина
Пад на владата
По континуираното несогласување околу тоа како да се реши конфликтот околу изборните арондисменти во Брисел-Хале-Вилворде , либерал-демократите ја напуштиле владата на Летерм на 22 април 2010 со тоа продолжувајќи ја белгиската политичка криза . Премиерот Ив Летерм од Демохристијанската флеманска партија веднаш ја поднел доставил својата оставка на кралот Алберт II која била прифатена на 26 април 2010. По одржувањето на изборите на 13 јуни, се стравувало од времето кое би поминало околу договарање за коалиција поради тоа што белгиското претседателство со Советот на Европската Унија би можело да започне под привремена влада.[ 3] [ 4] [ 5]
Уставност на изборите
Според изјава дадена од страна на фламанскиот претседател на белгискиот Уставен суд , Марк Босујт, изборите можеле да бидат неуставни доколку арондисментот Брисел-Хале-Вилворде би бил претходно поделен.[ 6] [ 7] [ 8] [ 9] [ 10] На 4 мај, сите освен еден фламански судија-претседател на 13. фламанските првостепени судови напишале колективно писмо, каде што се велело дека изборите не можат да се одржат поради постојаните изборни единици и дека враќањето на дотогашните изборни арондисменти е неопходно.[ 11] Спротивно на ова, Гислејн Лондерс, претседател на Касациониот суд изјавил дека сите судии се обврзани да соработуваат во однос на избирачкиот процес. Пред писмата на судиите, поранешниот претседател на Претставничкиот дом , Херман Де Кро изјавил дека ниеден суд не може да го спречи одржувањето на изборите.[ 10]
Важност на изборите
Меѓународните медиуми гледале на изборите како клучни за одлучување на иднината на Белгија, и покрај тоа што се сметало дека децентрализација не би се случила веднаш.[ 12] [ 13]
Партии
Главните шест фламански политички партии и резултатите од изборите за претставници во Претставничкиот дом од 1978 до 2014.
Фламански партии (холандско говорно подрачје)
Овие фламански партии дале свои кандидати во Фландрија и во избирачката единица Брисел-Хале-Вилворде .
Валонски партии (француско говорно подрачје)
Овие франкофонски партии дале свои кандидати во Валонија и во избирачка единица Брисел-Хале-Вилворде .
Резултати
Претставнички дом
Партија
Гласови
+/-
Места
+/-
Нова фламанска алијанса
1.135.617
17,40 %
-
27
-
Социјалистичка партија
894.543
13,71 %
+2,84
26
+6
Демохристијанска флеманска партија
707.986
10,85 %
-
17
-
Реформистичко движење
605.617
9,28 %
-3,24
18
-5
Фламанска социјалистичка партија
602.867
9,24 %
-1,02
13
-1
Партија на отворени фламански либерал-демократи
563.873
8,64 %
-3,19
13
-5
Фламански интерес
506.697
7,76 %
-4,23
12
-5
Хуманистички демократски центар
360.441
5,53 %
-0,53
9
-1
Еколошка партија
313.047
4,80 %
-0,31
8
0
Зелена партија
285.989
4,38 %
+0,40
5
+1
Слободарска, директна, демократска партија
150.577
2,31 %
-1,72
1
-4
Народна партија
84.005
1,29 %
+1,29
1
+1
Други
316.108
4,84 %
-
0
-
Вкупно
6.527.367
100 %
-
150
-
Сенат
Партија
Гласови
+/-
Директно избрани
+/-
Места
Нова фламанска алијанса
1.268.780
19,61 %
-
9
-
14
Социјалистичка партија
880.828
13,62 %
+3,37
7
+3
13
Демохристијанска флеманска партија
646.375
9,99 %
-
4
-
7
Реформистичко движење
599.618
9,27 %
-3,04
4
-2
8
Партија на отворени фламански либерал-демократи
613.079
9,48 %
-
4
-
7
Фламанска социјалистичка партија
533.124
8,24 %
-4,16
4
-1
6
Фламански интерес
491.547
7,60 %
-4,29
3
-2
5
Еколошка партија
353.111
5,46 %
-0,36
2
0
5
Хуманистички демократски центар
331.870
5,13 %
-0,77
2
0
4
Зелена партија
251.546
3,89 %
+0,25
1
0
2
Слободарска, директна, демократска партија
130.779
2,02 %
-1,36
0
-1
Народна партија
98.858
1,53 %
-
0
-
Други
254.126
-
-
Вкупно
6.469.103
100 %
-
40
-
71
Наводи