Силвестер I — римски папа во периодот од јануари 314 до 31 декември 335 година[1]. Со своите 21 година и 11 месеци тој бил еден од епископите на Рим, кој најмногу се задржал на Светиот престол.
Чествувањето на овој папа е на 31 декември.
Името на папа Силвестер I се поврзува долго време и со т.н. Константинова даровница. Се сметало дека тој е подарен од императорот Константин I Велики на папа Силвестер I и со него тој ја предал врховната власт над Западната Римското Царство. Невистината околу овој документ била докажана подоцна.
Папа Силвестер I ја изградил големата катедрала во Рим, денеска позната како Црква Санта Кроче ин Герусалем. Првиот вселенски Собор се одржал во 325 година, во Никеја, Мала Азија, денешна Турција. На тој собор бил формулиран карактерот на папството. Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на Господ Исус Христос во однос на неговата врска со Отецот, односно дали Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Од овде произлегло и Аријанството, чиј водач Ариј не се согласувал во поглед на истото прашање.
Наводи
|
---|
| I – IV век | |
---|
| V – VIII век | |
---|
| IX – XII век | |
---|
| XIII – XVI век | |
---|
| XVII – XXI век | |
---|
|